Убави вести од Италија: Најмалку заразени од 26 февруари наваму


 

Во Италија денеска регистрирани се само само 178 новозаразени, а пад е забележан во сите региони вклучително и Ломбардија, најтешко погодениот регион.

Исклучок е само Лигурија, каде бројот на нови случаи е во пораст. Имено, според последните податоци таму се регистрирани 56 случаи, додека во Ломбардија има 50 нови случаи на Ковид-19.

Сепак, 178 новозаразени е број најмал од 26 февруари наваму, додека вчера имаше 355 нови случаи.

Бројот на починати од Ковид-19 во италија исто така е во пад од вчерашните 75, денеска има 60 починати, а вкупниот број жртви е 33.475.

Првиот официјално забележан случај во Италија беше на 21 февруари во Кодоња на северот на земјата.