Скопје со најмногу активни случаи на Ковид-19, најголем дел се во Чаир и Сарај


Најмногу активни случаи на болни од КОВИД- 19 има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес. Од […]

Анкета: Бајден води 10 поени пред Трамп


Одобрувањето на работата на претседателот се врати на негативната територија   Поранешниот потпретседател Џо Бајден има предност од 10 поени пред претседателот Доналд Трамп пред општите избори во ноември, според новото истражување, додека вкупниот рејтинг за одобрување на работата на Трамп се врати на негативна територија. Анкетата на Еј-би-си њуз/„Вашингтон пост“ објавена во неделата покажува […]

МЗ: Со криење на податоците не се решава епидемијата


Министерството за здравство денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот. Почитувањето на мерките ќе овозможат побрз излез од здравствената криза, потенцираат од Министерството, повикувајќи ги граѓаните да се воздржат од групирање и да ја одржуваат потребната дистанца. -Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често […]

Трамп до гувернерите: Апсите, затворајте…


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги критикуваше гувернерите на многу сојузни држави дека се „слаби“ и побара од нив поостро да реагираат на грабежите и уништувањето на имотот за време на протестите во бројни американски градови. – Повеќето од вас се слаби. Мора да бидете многу поцврсти. Мора да апсите луѓе, да им влезете во […]

САД ќе ја прогласат Антифа за терористичка група


 Американското Министерство за правда одлучи да ја третира Антифа како домашна терористичка група, соопшти синоќа Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа, Кејли МекКени, на брифинг изјави дека има доволно докази дека Антифа е одговорна за насилството за време на протестите во градовите низ САД што избувнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во минатонеделната брутална […]

Обама го осуди насилството на протестите во САД


Поранешниот американски претседател Барак Обама го осуди насилството во протестите низ САД за расната нееднаквост и прекумерната полициска употреба на сила и ги пофали ненасилните демонстранти кои бараат реформи.– Огромното мнозинство демонстранти не беше насилно, но „мало малцинство“ ги доведува луѓето во опасност и им штети токму на оние заедници на кои треба да им […]

Израелскиот план за анексија на Западниот брег е објавување војна на Палестинците


 Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики изјави дека планот на израелската Влада за анексија на делови од окупираниот Западен Брег е еден вид објавување војна против палестинските интереси. Тој ова на видео-конференциска фрска го кажа пред Унијата на акредитирани новинари во Канцеларијата на Обединетите нации во Женева (АКАНУ) каде кажа дека САД и Израел […]

Како се смени цената на фудбалерите по пандемијата (статистика)


Франција– Меѓународната компанија КПМГ спроведе студија за трансферните износи на голем број врвни играчи по влијанието на кризата од КОВИД-19. Студијата вклучува играчи кои учествуваат во лиги што ја завршија сезоната, т.е. Белгија, Шкотска и Франција и играчи во лиги кои планираат да продолжат со натпреварите, иако зад затворени врати – Италија, Шпанија, Германија и […]

Романскиот премиер и четворица министри казнети за неносење маски


Романскиот премиер Лудовик Орбан и четворица министри се парично казнети поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот. Според романската агенција Медијафакс, тие морале да платат казна затоа што на роденденската забава на премиерот во неговиот кабинет не носеле заштитни маски. Поради тоа, Орбан платил казна од 2.500 леи (околу 500 евра) бидејќи не носел […]

СЗО: Зголемен бројот на заразени во Северна и Јужна Америка


Швајцарија– Северна и Јужна Америка бележат забрзано зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Извршниот директор на програмата за вонредни случаи на СЗО, Мајк Рајан рече дека Централна и Јужна Америка станале „интензивни зони на пренесување“ на вирусот. Тој додаде дека не верува дека е достигнат врвот во трансмисијата и истакна […]

Куомо до Трамп: Благодарам, но не Њујорк


САД – Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, кажа „благодарам, но не“ на заканата на претседателот Доналд Трамп дека ќе ја мобилизира војската во борбата против немирите, по смртта на невооружениот Афроамериканец, Џорџ Флојд, кому полицаец му клечеше на вратот откако го уапси. -Претседателот се обидува да ја прекрои реалноста, рече Куомо, додавајќи дека […]

Третина од заболените без никакви симптоми


Третина од 89-те новозаболени од КОВИД -19 кои беа евидентирани вчера се на возраст меѓу 30 и 39 години. Повеќето од нив се жени, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на заболени во земјава, најголем процент се над 60 години, а највисока инциденца е регистрирана кај оние на возраст од 50 […]

Има докази дека убиството на Флојд е извешено со умисла, тврди адвокатот Бен Крамп


Адвокатот на семејството на убиениот Афроамерикенец Џорџ Флојд,  Бен Крамп,  изјави дека има доволно докази да се потврди дека обвинетиот полицаец Дерек Шовин постапил со умисла. Шовин е обвинет за убиство од трет степен, но Крамп тврди дека станува збор за убиство од прв степен, наведува Би-Би-Си. -Не ни е јасно како таа постапка не […]

Индустриското производство во САД на 11-годишниот минимум


Производствената активност на САД го ублажи падот во мај, иако се уште е на 11-годишниот минимум. Како што пренесуваат странските агенции, закрепнувањето од кризата со коронавирусот, сепак, може да трае со години поради големата невработеност. Американскиот Институт за управување со снабдување (ИСМ) вчера соопшти дека неговиот индекс на индустриска активност во земјата се зголемил на […]

Катица Јанева ќе даде завршни зборови во „Рекет”


Поранешната специјална обвинителка, сега обвинета во случајот „Рекет”, Катица Јанева, денеска во Кривичниот суд ќе ги даде своите завршни зборови за овој судски предмет, по што ќе се отвори патот да се закаже рочиште за објавување на пресудата. Освен обвинетата Јанева, се очекува завршни зборови да дадат и нејзините бранители. Претходно, на вчерашното рочиште за […]

Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите


Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат. Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата. ЈСП Скопје соопшти дека поради зголемениот број на новозаразени […]

Приемен испит за новата Математичко-информатичка гимназија


Приемен испит за ученици кои се заинтересирани да се запишат во новото училиште – Математичко-информатичка гимназија ќе се организира денеска и во четврток, со писмено проверување на нивното знаење по предметите математика (2 јуни) и физика (4 јуни). Испитите ќе траат по 120 минути и ќе се одржат во просториите на средното училиште „Здравко Цветковски“ […]

Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а дневната температура од 13 до 24 степени. УВ-7. […]

Трамп ја ангажира војската да ги растера демонстрантите во Вашингтон


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја ангажираше војската и Националната гарда за да ги растера демонстрациите околу Белата куќа, а потоа се прошета во паркот до блиската црква да се фотографира со Библија. -Јас сум претседател на редот и законот, и сојузник на сите мирни демонстранти, изјави Трамп и порача дека ако сојузните држави и […]

(Видео) „Си-Ен-Ен“ наполни 40 години, еве каква беше програмата на 1 јуни 1980


„Си-Ен-Ен“ го направи своето деби на 1 јуни 1980 година како прв 24-часовен канал за вести. Оттогаш мрежата известува од многу настани – војни, природни непогоди, политика и поп култура – во Америка и во целиот свет. Погледнете како изгледаше програмата на „Си-Ен-Ен“ во 1980 година како и некои од моментите што ги дефинираа последните […]