По три месеци Шпанија без жртви од Ковид-19


 

Во Шпанија денеска за прв пат од март не е забележан ни еден смртен случај од Ковид-19.

Директорот на Центарот за координација на здравствените служби Фернандо Симон денеска рече дека во последните 24 часа забалежани се 71 нов случај од корона вирус, а дека смртни случаи немало. Според него тоа е многу охрабрувачки.

Првите два смртни случаи од Ковид-19 во Шпанија се регистрирани на 3 март. За еден месец бројот на смртни случаи нагло порасна на дневно ниво, па на 2 април починаа 950 луѓе, најголем број во24 часа.

Од почетокот на епидемијата починаа 27.127 луѓе, а 240.000 се заразија.