Почина славниот уметник Кристо, кој ги обвиткуваше зградите и мостовите


САД– Славниот американски уметник со бугарско потекло, Кристо (Владимиров Јавашеф), славен по своите привремени инсталации засновани на завиткување на екстериерите на зградите, мостовите и просторите на отворено, почина на 84-годишна возраст во неговиот дом во Њујорк.

Kристо избегал од комунистичка Бугарија во 1957 година, прво во Прага, а потоа во Виена и Женева. Една година подоцна се преселил во Париз, каде што ја запознал неговата сопруга и уметнички партнер Жан-Клод Дена де Гилебон. Живеел во Њујорк цели 56 години.

Во 2018 година, тој ја претстави „London Mastabu“ – 20-метарска скулптура на древна египетска гробница, изработена од 7.506 црвени, бели и светловиолетови буриња поставени на платформа во езерото во лондонскиот Хајд парк. Христо и Жан-Клод, која почина во 2009 година, исто така се познати по дела како што се „Гејтс“, инсталација од 2005 година во Њујорк и завиткување на Рајхстагот во Берлин во 1995 година во огромна сребрена завеса.

Неговиот последен проект предвидуваше обвиткување на Триумфалната порта во Париз со 25.000 квадратни метри полипропиленска ткаенина која може да се рециклира во сребреносина боја и 7.000 метри црвено јаже. Kристо Владимиров Јавачеф е роден во Габрово, Бугарија на 13 јуни 1935 година.