И Фатмир Битиќи во самоизолација, имал средба со Лукаревска

Битиќи: Аплицирањето за третиот пакет ќе биде едноставено и познато во следните две до три недели
И советникот на премиерот, Фатмир Битиќи, од денес е во самоизолација, откако минатата недела имал средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Лукаревска претходно денеска соопшти преку Фејсбук дека е позитивна на Ковид-19. Битиќи веста исто така ја соопшти преку неговиот Фејсбук профил.
„После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од утрово, по насоки на епидемиолозите сум во самоизолација до 12 Јуни. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата.
И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје“, напиша Битиќи.
Во самоизолација е и премиерот Оливер Спасовски, кој на својот Фејсбук профил објави дека тестот за корона вирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите.
Вчера и денеска, повеќе јавни личности – пратеници, функционери во Владата, градоначалници или директори на државни претпријатија и институции соопштија дека се позитивни на корона вирусот или дека имале контакт со некој кој бил позитивен и по препорака на здравствените служби ќе бидат во изолација.