Нова регионална кошаркарска лига: Клубови од Бугарија, Македонија, Србија и Грција


 

Георги Глушков, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Бугарија, изнесе идеја за формирање ново кошаркарско натрпеварување.

Глушков има идеја за нова регионална лига, во која би играле клубови од Бугарија, Македонија, Србија и грција.

Идејата бепе Бугарите и Македонците да направат нова лига, но сега се приклучија и Грција и Србија.

Претседателот на КСБ Глушков рече дека е во преговори со останатите три земји и дека до 15 јули ќе изнесе точен план за новата лига.

Ќе одржи состаноци со претседателите на сите сојузи и ќе ја соопшти идејата како би изгледало натпреварувањето и како шампионатот би се вклопил во календарот со домашните првенства.