Продолжен рокот на пасошите и возачките дозволи


Владата, на предлог на МВР, на денешната седница донесе уредби со законска сила за продолжување на патните исправи и на возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба. Рокот на овие лични исправи се продолжува до 31 јули 2020 година, соопшти владината прес-служба.

Дунав се намалил 134 километри


Дунав се намалил за 134 километри во текот на изминатите два века, како резултат на човечки активности, се тврди во извештај објавен денеска. Меѓународна студија за речните седименти исто така покажа дека Дунав станал потесен и до 40 проценти од средината на 19 век, соопшти Баварската агенција за заштита на животната средина. Во извештајот се …

Дунав се намалил 134 километри Read More »

Сервер: Само несигурни во својот идентитет водат грижа за него


Да оставиме на историчарите да решаваат за тоа дали некои личности од 19 век се чувствувале Бугари или нешто друго, но се прашувам каква врска има тоа со подобрување на животот на граѓаните на Бугарија и на С.Македонија, истакна Даниел Сервер, експерт за Балканот од Uниверзитетот „Џон Хопкинс“. Сервер е професор по напредни меѓународни студии …

Сервер: Само несигурни во својот идентитет водат грижа за него Read More »

Ја плукнале на работното место, починала од корона вирус


Продавачка на патни билети починала од корона вирус откако ја плукнале додека била на работното место. Бела Мужинга во март работела на станица во југозападен Лондон, кога некој ја плукнал и се закашлал во неа и во нејзината колешка. Неколку дена подоцна, Мужинга, која имала респираторни проблеми примена е во болница и ставена на респиратор, …

Ја плукнале на работното место, починала од корона вирус Read More »

Шведска: По врвот кон средината на април, смртноста опаѓа


  Уште 57 луѓе починаа од ковид-19 во Шведска, соопштија денеска здравствените власти на земјата. Смртноста во таа земја, која одлучи да не спроведува драстични мерки, и понатаму опаѓа по врвот достигнат кон средината на април. Според најновите податоци, бројот на смртни случаи во Шведска изнесува 3.313. До сега 27.272 лица имале позитивен тест на …

Шведска: По врвот кон средината на април, смртноста опаѓа Read More »

Кристалина Георгиева: Многу веројатно е дека ММФ дополнително ќе намали прогноза за раст


Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави денеска дека е „многу веројатно“ фондот дополнително да ги намали своите глобални економски прогнози, бидејќи пандемијата на коронавирусот удри во многу економии потешко отколку што првично се очекуваше. „Податоците што доаѓаат од многу земји се полоши од нашите веќе песимистички предвидувања“, рече Георгиева на веб-конференција, …

Кристалина Георгиева: Многу веројатно е дека ММФ дополнително ќе намали прогноза за раст Read More »

Поради топлите океани претстојат натпросечно топли месеци


Во северната хемисфера и тропските области во мај и јуни температурите ќе бидат повисоки од просечните поради топлото море, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО). Оваа година, месеците до почетокот на мај беа најтопли или втори најтопли од почетокот на регистрирање на температурата, според агенцијата на ОН за временски и климатски услови. Додека високите температури …

Поради топлите океани претстојат натпросечно топли месеци Read More »

(Видео) Утре се отвораат шопинг моловите и обложувалниците


Премиерот Оливер Спасовски по седницата на Владата соопшти дека од утре ќе почнат да работат Заводот за рехабилитација на слухот, автошколите, авто испитните центри, спортски центри, спортски и други обложувалници со шалтер систем, како и трговските центри и молови без угостителските дејности.Моловите ќе работат од 10 до 16 часот, со исклучок на недела кога ќе …

(Видео) Утре се отвораат шопинг моловите и обложувалниците Read More »

Заев: Избори што поскоро, со внимавање на здравјето на луѓето


На лидерската средба се согласивме дека сите можности за свикување на Собранието се исцрпени, тоа го потврди и претседателот на СОбранието, и Уставниот суд, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба. Потенцира дека ги разгледале опциите кога ќе може да има избори ако се прогласи или не се прогласи повторно вонредна состојба. Според …

Заев: Избори што поскоро, со внимавање на здравјето на луѓето Read More »

АПИС: Дискриминарани се автомат-клубовите и казината


Земајќи предвид дека Владата на Република Северна Македонија, следејќи ги препораките на Комисијата за заразни болести, донесе одлука за фазно враќање на општествените процеси во „новата нормалност“, сметаме дека како општествено одговорни субјекти, ценејќи ги економските предизвици со кои се соочува државата, треба да ги потенцираме следните факти. Уредбата за отворање на само еден сегмент …

АПИС: Дискриминарани се автомат-клубовите и казината Read More »

Елена Ристеска прва меѓу пејачките со свој парфем


Поп-ѕвездата Елена Ристеска е прва меѓу домашните пејачки која лансираше парфем со свој потпис. Станува збор за  женски и машки парфем кои ексклузивно ги објави на своите профили на социјалните мрежи како веќе готови производи, под брендот „Ера“. Рекламната кампања е работена во Мајами, САД. -Последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд „Era cosmetics“. …

Елена Ристеска прва меѓу пејачките со свој парфем Read More »

Мицкоски: Одбивам да бидам премиер, ако цената за тоа e еден плус изгубен живот од Ковид 19


  Предложивме план во неколку чекори. Најпрвин ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните ни е најважно, тогаш ќе треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и да ги слушаме нивните насоки, рече Христијан Мицкоски, по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски. – Консултации со ДИК за времето да …

Мицкоски: Одбивам да бидам премиер, ако цената за тоа e еден плус изгубен живот од Ковид 19 Read More »

Ахмети: Следната недела уште еднаш ќе се состанеме


Средбата беше многу плодна, со сериозни анализи од сите чинители, оцени лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба денеска кај претседателот Стево Пендаровски. – Ние сме во воена состојба со невидлив непријател. Сега лекарите се генерали и нив треба да ги слушаме, мерките треба да се почитуваат за да се добие оваа војна – …

Ахмети: Следната недела уште еднаш ќе се состанеме Read More »

Продолжувањето на вонредната состојба не е спорно, одлучи Уставен суд


Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба, која истекува на 16-ти мај. Уставните судии не поведоа постапка за оценка на уставноста и законитоста ниту за првата вонредна состојба, која ја прогласи шефот на државата. …

Продолжувањето на вонредната состојба не е спорно, одлучи Уставен суд Read More »

Уште една лидерска средба идната недела за да се одреди датум за изборите


Лидерите на политичките партии денеска договориле да се одржи уште една средба кај претседателот на државата наредната недела на која ќе треба да се одреди датумот за избори, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по завршувањето на средбата. По речиси два и пол часа диксусии главен резултат на средбата кај Стево Пендаровски е …

Уште една лидерска средба идната недела за да се одреди датум за изборите Read More »

Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час


Секторот за внатрешни работи – Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“ во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и против А.Р.(43) поради постоење основи на …

Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час Read More »

(Во живо) Изјави по лидерската кај Пендаровски


По неколку часа заврши лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски. Погледнете ги во живо изјавите на лидерите на политичките партии: https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/282774739782953/

Џамиите ги отворија вратите за верниците (галерија)


Како што најави Исламската верска заедница денеска беа отворени џамиите во државава откако 55 дена беа затворени. Одлуката за отворањето на џамиите следеше по скандалозната процесија во Струга, кога неколку стотици лица учествуваа на верски православен обред. Од ИВЗ уваеруваа дека верниците при посетата на џамиите ќе ги почитуваат мерките за физичка дистанца, ќе се носат маски, …

Џамиите ги отворија вратите за верниците (галерија) Read More »

Србија прва ќе ги отвори границите за Македонија


Србија од 1 јуни ќе ги отвори границите за четири земји од окружувањето, објавија белградските медиуми. Така во потполност ќе се либерализира движењето со С. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и со Црна Гора. Ваква одлука е донесена затоа што ни една од овие земји не била жариште на корона вирусот, пишуваат „Блиц“ и „Курир“. …

Србија прва ќе ги отвори границите за Македонија Read More »

Наскоро ќе почне судењето на Фросина Ременски, Бојан Јовановски и тројца други за „Меѓународен сојуз“


Судот соопшти дека во целост го прифатил обвинителниот акт за пратеничката Фросина Ременски, Бојан Јовановски и другите обвинети во „Меѓународен сојуз“ и тие наскоро треба да седнат на обвинителна клупа. наскоро ќе треба да седне на обвинителна клупа заедно со Боки 13 и останатите обвинети во „Меѓународен сојуз“, бидејќи судот во целост го прифати обвинителниот …

Наскоро ќе почне судењето на Фросина Ременски, Бојан Јовановски и тројца други за „Меѓународен сојуз“ Read More »