Ахмети: Следната недела уште еднаш ќе се состанеме


Фото: Б. Грданоски

Средбата беше многу плодна, со сериозни анализи од сите чинители, оцени лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба денеска кај претседателот Стево Пендаровски.

– Ние сме во воена состојба со невидлив непријател. Сега лекарите се генерали и нив треба да ги слушаме, мерките треба да се почитуваат за да се добие оваа војна – рече АЛи Ахмети, лидер на ДУИ.

Наредната недела останува да се сретнеме уште еднаш за да одлучиме како да се поставиме натаму, порача лидерот на ДУИ.

Пред него истото го потврди и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој рече дека се договориле следната недела уште еднаш да се сретнат, кога ќе ги имаат сите потребни информации од здравствените власти пред се.