Наскоро ќе почне судењето на Фросина Ременски, Бојан Јовановски и тројца други за „Меѓународен сојуз“


Фото: Б. Грданоски

Судот соопшти дека во целост го прифатил обвинителниот акт за пратеничката Фросина Ременски, Бојан Јовановски и другите обвинети во „Меѓународен сојуз“ и тие наскоро треба да седнат на обвинителна клупа. наскоро ќе треба да седне на обвинителна клупа заедно со Боки 13 и останатите обвинети во „Меѓународен сојуз“, бидејќи судот во целост го прифати обвинителниот акт. Седницата на Советот за оценка на обвинителн акт при Кривичниот суд не била јавна. Допрва преку системот Акмис предметот ќе биде распределен на судија од Одделот за организиран криминал, па ќе се одреди и датумот за главна расправа.

Првообвинет во случајот е Бојан Јовановски, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и Фросина Ременски.

Како што неодамна соопшти Јавното обвинителство, со дејствијата опишани во обвинението за кривичното дело „измама“ се товарат првоосомничениот, а три лица се обвинети за помагање во извршувањето на истото кривично дело, воедно за кривичното дело „измама“ е обвинето и правното лице. Првообвинетиот се товари и за кривично дело „перење пари и други приноси“, при што три лица се обвинети дека му помогнале во извршувањето на ова кривично дело. Едно лице, освен за помагање при перење пари и други приноси од казниво дело е обвинето и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.