Продолжувањето на вонредната состојба не е спорно, одлучи Уставен суд


Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба, која истекува на 16-ти мај.

Уставните судии не поведоа постапка за оценка на уставноста и законитоста ниту за првата вонредна состојба, која ја прогласи шефот на државата.

На дневен ред на седницата закажана за во четврток, на 14 мај, уставните судии ќе ги разгледаат иницијативите во врска со полицискиот час, односно за забраната за движење во одреден периодот од денот, како мерка за заштита од коронавирусот.