Србија прва ќе ги отвори границите за Македонија


Фото: Б. Грданоски
Србија од 1 јуни ќе ги отвори границите за четири земји од окружувањето, објавија белградските медиуми.
Така во потполност ќе се либерализира движењето со С. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и со Црна Гора.
Ваква одлука е донесена затоа што ни една од овие земји не била жариште на корона вирусот, пишуваат „Блиц“ и „Курир“.
Се додава дека ваквата одлука е донесена најмногу заради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои ќе циркулираат меѓу трите земји.
Границите на Србија за патен, железнички и речен сообраќај се затворени од 20 март.
Кога станува збор за доаѓање во Србија, кризниот штаб одлучи дека негативен тест за вирусот ќе биде услов за влез во земјата, односно за слободно движење.
Ако лицето кое се враќа во земјата нема направен тест, ќе мора веднаш во куќна изолација 14 дена, а потоа ќе се тестира на корона вирус.