Елена Ристеска прва меѓу пејачките со свој парфем


Поп-ѕвездата Елена Ристеска е прва меѓу домашните пејачки која лансираше парфем со свој потпис.

Станува збор за  женски и машки парфем кои ексклузивно ги објави на своите профили на социјалните мрежи како веќе готови производи, под брендот „Ера“.

Рекламната кампања е работена во Мајами, САД.

-Последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд „Era cosmetics“. Едвај чекам да ви го претставам она поради кое ја ставив привремено во втор план музиката, кажа неодамна во „Бекстејџ“ Ристеска.

Пред седум години, пак, Тања Кокев беше првата меѓу македонските дизајнерки со свој парфем , „Аctress“, комплетно е изработен во Франција, а стаклената амбалажа од Италија.

 

aktres 1

„Формулата ја направи младата дизајнерка Марија Аслимоска и станува збор за парфем кој во основата ја има розата, а на врвот циктус што овој парфем го прави совршено избалансиран меѓу благото и свежото“, изјави тогаш Кокев.

Заштитно лице на парфемот ѝ беше омилената актерка на Кокев, Јелена Јованова, а рекламата за спотот ја направи Александар Поповски.