Џамиите ги отворија вратите за верниците (галерија)


Како што најави Исламската верска заедница денеска беа отворени џамиите во државава откако 55 дена беа затворени. Одлуката за отворањето на џамиите следеше по скандалозната процесија во Струга, кога неколку стотици лица учествуваа на верски православен обред.

Од ИВЗ уваеруваа дека верниците при посетата на џамиите ќе ги почитуваат мерките за физичка дистанца, ќе се носат маски, а верниците ќе можат да се молат и во дворот на џамиите.

Како што можете да забележеите на фотографиите од нашиот фоторепортер         Борис Грданоски во џамиите во Скопје немаше многу верници во џамиите.