Сончево со температура до 24 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 од 15, а највисоката дневна температура ќе достигне до 24 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе […]

Костадинов најави истрагa за фирми блиски до Александар Николоски


Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изнесе неколку обвинувања на сметка на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека поради таквите скандали оваа партија бега од избори, а не поради грижата за здравјето на граѓаните. „ВМРО-ДПМНЕ бега од избори затоа што не може да избега од секојдневните скандали што ги прават нивните партиски функционери. Еве денеска имаме нов скандал кога […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и власта вршат притисок врз ДИК


Тврдењето на претседатeлот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, дека ДИК е предмет на притисоци укажува дека имаме работа со власт која сака нерегуларни избори, оцени во соопштение ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува сите форми на притисок врз ДИК од страна на Заев и власта. Бараме да ги тргнат рацете од институцијата и да ја […]

САД се повлекуваат од меѓународниот договор „Отворено небо“


САД ги известија другите влади-партнери за повлекување од меѓународниот договор наречен „Отворено небо“ (Open Skies Teraty), со кој се овозможуваат извидувачки летови на невооружени авиони над територијата на земјите потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти. САД соопштија дека сакаат да се повлечат од договорот затоа што Русија […]

Жртвувајте го овенот, а не човекот


ЕРОЛ РИЗАОВ Верските великодостојници во Македонија наместо почит кон животот проповедаат непочитување кон Господ, отварајќи ги вратите на божјите храмови и повикувајќи на молитиви во време на голема несреќа кога во светот беснее заразна болест и микроби кои носат смрт. Нивниот грев е непростлив и пред божјите  и пред световните закони   Проповедниците на Аврамовите […]

Метеж на словенечко-хрватската граница


Од утрово, но и преку целиот ден на граничните премини меѓу Словенија и Хрватска има метеж. За влез во Хрватска се чека од половина до два часа, јавуваат хрватските медиуми. Според информациите на ни еден граничен премин не се чека помалку од половина час, а на некои се чека и до два часа. Само лентата […]

Американски метеоролози: Сезоната на урагани над Атлантикот ќе биде над нормалата


Овогодишната сезона на урагани над Атлантикот веројатно ќе биде „над нормалата“: Предвидени се најмалку три до шест урагани од „категорија 3“ на скала од пет, објави денеска американската метеоролошка служба. – Постојат 60 проценти шанси сезоната на урагани да биде над нормалата, рече Нил Џејкобс, официјален претставник на американската Агенција за набљудување океани и атмосфера […]

Пелоси конкуренција на Меланија: Заштитната маска како префинет шал (фото)


САД– Демократката Ненси Пелоси (80), претседателката на Претставничкиот дом на САД, мајка на пет деца и баба на девет внуци, во последно време привлекува внимание со интересни модни споеви во кои главна улога играат заштитните маски. Откако светот го погоди пандемијата па заштитните маски станаа нужни, Пелоси одлучи да ги направи интересен моден додаток, независно […]

Манчевски: Утре ќе се знае каков полициски час ќе има за викенд


Во текот на утрешниот ден ќе има одлука на Владата каков полициски час ќе има викендов. Се вршат консултации, досега се почитуваа препораките, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не […]

Америка ѝ праќа на Русија 200 респиратори вредни 5,6 милиони долари


Респиратори со висок квалитет ѝ праќа САД на Русија, соопштија од Амбасадата на САД во Москва. Вкупната вредност на 200 американски респиратори заедно со нивната испорака во Русија изнесува 5,6 милиони долари. Во соопштението се наведува дека САД денеска во Русија испорачале 50 респиратори со висок квалитет, што е прв дел од хуманитарната донација за […]

Манчевски: Преголем е ризикот за избори на есен, по вонредната состојба процесот да продолжи каде што застана


Парламентарните избори треба да се одржат кон крајот на јуни, поточно на 21 јуни, а нивното пролонгирање за наесен би преставувал преголем ризик за државата, смета министерот  за информатичко општество и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски. – Нашиот став е јасен во врска со изборите. Ако гледаме од законски аспект, во моментот кога ќе заврши […]

Батлерот од Белата куќа, кој таму работеше 55 години, почина од Ковид-19


Вилсон Рузвелт Џерман, еден од вработените во Белата куќа со најдолг стаж, почина минатата недела од корона вирус во 91 година, јави Си-би-ес. Џерман работеше во Белата куќа во текот на 11 мандати американски претседатели, од Двајт Ајзенхауер до Барак Обама. Почна да работи во 1957 година како чистач, а во текот на годините напредуваше […]

Милиони Американци пријавиле невработеност


Изминатата недела повеќе од два милиони Американци се пријавиле за исплата на бенефиции поради невработеност, откако кризата со пандемијата ја затвори економската активност во САД. Бројот на пријавите за исплата, се поднесуваат во сојузните држави, во неделата што измина заклучно 16 мај, изнесувал 2,44 милиони, се дознава од податоци објавени денеска од Министерството за труд. […]

Андреа Амон: Европа треба да се подготви за втор бран на пандемијата


Европа треба да се подготви за втор бран на пандемијата на коронавирусот, предупреди денеска директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Андреа Амон. Прашањето не е дали ќе има нов бран на коронавирус, туку „кога и до кој степен ќе биде“, изјави таа за денешниот британски весник Гардијан. „Вирусот е околу нас, […]

Војници ќе мерат температура на австриската граница


За првпат во историјата на Австрија, од утре попладне припадниците на резервниот армиски состав ќе ја штитат границата со Словачка, Унгарија и Словенија, објави Командата на австриската армија на провинцијата Бургенланд. Во изјавата на армијата се вели дека на професионалните војници ќе им помогнат во работата на границата припадниците на резервниот состав. Задачата на резервните […]

Во Италија денеска починаа 156 лица


Италија регистрираше 156 нови смртни случаи од епидемијата Ковид-19 во четвртокот, наспроти 161 претходниот ден, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, додека дневниот извештај за нови случаи, исто така, малку се намали на 642 од 665 во средата. Вкупниот број на загинати од избувнувањето на 21 февруари, сега изнесува 32.486, соопшти агенцијата, трет по големина во […]

ВМРО-ДПМНЕ ја фрли топката во дворот на Џафери, можни ли се избори во јули?


За разлика од минатиот месец кога тврдеа дека распуштениот парламент нема мандат да се состане повторни, опозиционерите сега сметаат дека спикерот има мандат да одреди нов изборен датум   На 20 октомври минатата година, лидерите на парламентарните партии се собраа во претседателската вила и за неполни два час договорија предвремени парламентарни избори на 12 април, […]

Анкета/САД: Четвртина Американци немаат интерес да примат вакцина против Ковид-19


Според истражување спроведено од „Ројтерс“ и „Ипсос“, четвртина од Американците нема или имаат мал интерес да примаат вакцина против корона вирусот. Анкетата покажа дека администрацијата на претседателот Трамп се соочува со сериозна криза на доверба поради нејзините честопати контрадикторни одлуки за време на пандемијата и бројните критики во јавноста. Околу 36 проценти од испитаниците рекле […]

Расте бројот на заболени, најмногу во Скопје, а девет се од Аеродром


Од вкупно новозаразените 40 лица со Ковид 19 во изминатото деноноќие, 26 се од Скопје, а 10 од Тетово. Само во последните пет дена, во овие два града се потврдени вкупно 96 случаи, 72 во Скопје и 24 во Тетово. Од Министерството за здравсто за МИА информираат дека согласно податоците од ИЈЗ, од 26 новозаболени […]

Њујорк тајмс: 11 најпосетени дестинации кои се празни заради коронавирусот


САД– „Њујорк тајмс“ го вклучи Дубровник во Хрватска меѓу 11 топ-светски дестинации кои во екот на коронакризата станале мирни места за живот, а дотогаш се бореле со премногу туристи или овертуризам. Единаесет најпосетени туристички дестинации на светот во последно време го сменија својот изглед па така на пр. во Венеција сега има повеќе локално население […]