Анкета/САД: Четвртина Американци немаат интерес да примат вакцина против Ковид-19

Според истражување спроведено од „Ројтерс“ и „Ипсос“, четвртина од Американците нема или имаат мал интерес да примаат вакцина против корона вирусот.

Анкетата покажа дека администрацијата на претседателот Трамп се соочува со сериозна криза на доверба поради нејзините честопати контрадикторни одлуки за време на пандемијата и бројните критики во јавноста.

Околу 36 проценти од испитаниците рекле дека нема да ја примат вакцината доколку претседателот Трамп рече дека е безбедна, додека оценката на претседателот ќе има позитивен ефект врз само 14 проценти од испитаниците.

Мнозинството испитаници изјавиле дека најсилно врз нив ќе влијаат на препораките на Управата за храна и лекови или резултатите од научните истражувања.

Речиси 14 отсто испитаници рекле дека не се заинтересирани за вакцината, додека 11 отсто не одлучиле.

Експертите проценуваат дека е потребно 70 проценти од Американците да бидат имуни на корона вирусот, или благодарение на вакцината или излекувани од Ковид-19, за да се постигне колективен имунитет.