Метеж на словенечко-хрватската граница


Од утрово, но и преку целиот ден на граничните премини меѓу Словенија и Хрватска има метеж.
За влез во Хрватска се чека од половина до два часа, јавуваат хрватските медиуми.
Според информациите на ни еден граничен премин не се чека помалку од половина час, а на некои се чека и до два часа.
Само лентата за товарни возила на граничните премини е долга два километри па се замолуваат патниците дополнително да внимаваат.
Фотографиите од камерите покажуваат за колкав метеж се работи.