Њујорк тајмс: 11 најпосетени дестинации кои се празни заради коронавирусот

САД– „Њујорк тајмс“ го вклучи Дубровник во Хрватска меѓу 11 топ-светски дестинации кои во екот на коронакризата станале мирни места за живот, а дотогаш се бореле со премногу туристи или овертуризам.

Единаесет најпосетени туристички дестинации на светот во последно време го сменија својот изглед па така на пр. во Венеција сега има повеќе локално население отколку туристи, што е многу ретко бидејќи овој град е секогаш преполн, пишува „Њујорк тајмс“, чие онлајн издание го следат повеќе од 5 милиони претплатници.

На листата уште се наоѓаат и Рим, Бали, Исланд, Амстердам, Барселона, Париз, Прага  Холонг Беј во Виетнам и островот Галапагос.

Мештаните за Дубровник тврдат дека не бил волку празен од воената 1990 година. Првиот карантин во Хрватска е воведен токму во Дубровник во 14 век заради заштита на населението од куга.