Милиони Американци пријавиле невработеност


Изминатата недела повеќе од два милиони Американци се пријавиле за исплата на бенефиции поради невработеност, откако кризата со пандемијата ја затвори економската активност во САД.

Бројот на пријавите за исплата, се поднесуваат во сојузните држави, во неделата што измина заклучно 16 мај, изнесувал 2,44 милиони, се дознава од податоци објавени денеска од Министерството за труд.

Бројките пак за претходната недела беа корегирани и намалени за 294.000 до 2,69 милиони пријави, по грешка направена од административно лице во Конектикат.

Според пресметките на Блумберг, просечниот број на пријави за невработеност минатата недела изнесувал 2,4 милиони.

И покрај тоа што милиони Американци пријавиле невработеност, постои позитивен тренд бидејќи мнозинство од државите известиле за пад во продолжување на постоечките пријави, сигнал дека повторното отварање на економијата во многу делови од САД ги враќа луѓето назад на работа.

Сепак, новите работни места се отвараат постепено и не можат да ги задоволат потребите. Како пандемијата се одолговлекува, невработеноста ќе се намалува и зголемува во бранови, и можно е да стигне и до оние кои до неодамна биле вработени, јави Блумберг.

Стапката на невработеност (околу 38,6 милиони Американци досега поднеле барање за исплата) може да остане покачена и до крајот на идната годинава. Џером Пауел, првиот човек на Федералните резерви изјави дека ако стапката на невработеност долгорочно е висока, може да нанесе сериозна штета врз економијата на на САД.