Пелоси конкуренција на Меланија: Заштитната маска како префинет шал (фото)


САД– Демократката Ненси Пелоси (80), претседателката на Претставничкиот дом на САД, мајка на пет деца и баба на девет внуци, во последно време привлекува внимание со интересни модни споеви во кои главна улога играат заштитните маски.

Откако светот го погоди пандемијата па заштитните маски станаа нужни, Пелоси одлучи да ги направи интересен моден додаток, независно од нивната сериозна намена . Некогаш се на нејзиното лице, а некогаш ја играат улогата на префинет шал околу вратот.

Пелоси уште од почетокот на својата политичка кариера се облекува одмерено и не претерувала во деталите, но стилот го зачинува со силни бои.

Иако првата дама Меланија Трамп предизвикува најмногу внимание со модниот изгледл, и Пелоси не заостанува зад неа со чувството за стил. Најчесто избира едноставни фустани до колена , во една боја, високи потпетици, и постојано е со исфенирана коса и со јака шминка.