Америка ѝ праќа на Русија 200 респиратори вредни 5,6 милиони долари


Респиратори со висок квалитет ѝ праќа САД на Русија, соопштија од Амбасадата на САД во Москва.
Вкупната вредност на 200 американски респиратори заедно со нивната испорака во Русија изнесува 5,6 милиони долари.
Во соопштението се наведува дека САД денеска во Русија испорачале 50 респиратори со висок квалитет, што е прв дел од хуманитарната донација за рускиот народ.
Од Амбасадата велат дека се работи за вкупно 200 респиратори од американско производство, и дека донацијата е остварена, благодарение на „великодушноста на американскиот народ и иновациите во приватната индустрија“, јави Тас.
Вториот дел од испораката на американските респиратори се очекува следната седмица.