Костадинов најави истрагa за фирми блиски до Александар Николоски


Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изнесе неколку обвинувања на сметка на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека поради таквите скандали оваа партија бега од избори, а не поради грижата за здравјето на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ бега од избори затоа што не може да избега од секојдневните скандали што ги прават нивните партиски функционери. Еве денеска имаме нов скандал кога истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, вработен во Центарот за социјални грижи, барал сексуални услуги за завршена работа. Има информации и за фирми блиски до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, за што веќе Обвинителството и по допрен глас отвора предмет. Истовремено има информации и дека првиот братучед на Александар Николовски бил управител на фирма која се занимава со производство на масло од канабис, а кој во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ бил директор на Фондот за здравство. Од овие скандали ВМРО-ДПМНЕ не може да избега“, рече Костадинов.

Тој посочи дека Мицкоски вршел притисоци во МВР за случајот „Теретана“, што, според него, покажува дека во ДПМНЕ ништо не се сменило.