Батлерот од Белата куќа, кој таму работеше 55 години, почина од Ковид-19


Вилсон Рузвелт Џерман, еден од вработените во Белата куќа со најдолг стаж, почина минатата недела од корона вирус во 91 година, јави Си-би-ес.
Џерман работеше во Белата куќа во текот на 11 мандати американски претседатели, од Двајт Ајзенхауер до Барак Обама. Почна да работи во 1957 година како чистач, а во текот на годините напредуваше преку вратар до батлер. Се пензионира во 2012 година.
Џеки Оназис го промовирала во батлер, а имал посебен однос со Џорџ Буш Џуниор
Неговата внука Џамила Гарет за медиумите рече дека Џеки го промовирала во батлер и дека имал посебен однос со Буш Џуниор.
„Кога постариот Буш го презеде местото претседател, Џорџ Буш Џуниор имаше проблеми со прилагодувањето на новото окружување и не можеше да спие. Мојот дедо седеше со него во собата додека не заспиеше“, вели Гарет.
Џерман имаше сопруга, пет деца, 12 внуци и 18 правнуци.