Во Италија денеска починаа 156 лица


Во Катанија баровите и рестораните се отворија под стриктни услови (Фото: Ројтерс)

Италија регистрираше 156 нови смртни случаи од епидемијата Ковид-19 во четвртокот, наспроти 161 претходниот ден, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, додека дневниот извештај за нови случаи, исто така, малку се намали на 642 од 665 во средата.

Вкупниот број на загинати од избувнувањето на 21 февруари, сега изнесува 32.486, соопшти агенцијата, трет по големина во светот по оние на САД и Велика Британија.

Бројот на потврдени случаи изнесува 228.006. Италија е на шесто место по инфицирани зад САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил. Бројот на оние што во моментов се заразени падна на 60.960 од 62.752 претходниот ден. (Ројтерс)