Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, во самоизолација поради ковид-19


Европската комисија соопшти дека потпретседателот на оваа институција, Франс Тимерманс, одлучил да се стави самиот во карантин до 20 март, јави дописничката на МИА од Брисел. Тимерманс минатата недела имал состанок на 6 март со француската државна секретарка за екологија, Брин Поарсон, која е тестирана позитивно на коронавирусот. -Тимерманс е во добра општа состојба и […]

Во Општина Гостивар во самоизолација 18 лица


На подрачјето на Општина Гостивар 18 лица кои изминативе денови допатувале од земји каде е регистиран коронавирус се во самоизолација. Полициски извори ја потврдија информацијата и нагласија дека три од лицата кои се под надзор имаат решенија од здравствените власти да бидат во самоизолација, а останатите 15 имаат препорака да ги почитуваат превентивните мерки. Градоначалникот […]

Од Евреите побарано да не го бакнуваат Ѕидот на плачот поради Ковид-19


Евреите не треба да го бакнуваат Ѕидот на плачот, изјави главниот рабин на Ерусалим, посочувајќи дека тоа е дел мерките усвоени од верските власти со цел спрешување на новиот коронавирус. Голем број Евреи се молат пред Ѕидот на плачот, го бакнуваат и ставаат напишани молитви во пукнатините. Бакнувањето на Сидот не е дел од верскиот […]

МТСП: Документите за додаток за трето дете ќе се доставуваат по завршување на мерките


Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус донесени од Владата на РСМ,  Министерството за труд и социјална политика  ги известува корисниците на правото на родителски додаток за дете (трето и четврто дете) кои сè уште немаат поднесено барање за  продолжување на  правото, кое согласно Законот за заштита на децата  треба да се поднесе до […]

Франција го казни „Епл“ со 1,1 милијарди евра


Францускиот антимонополски орган го го казни „Епл“ со 1,1 милијарди евра денес заради кршење на правилата за конкуренција, означувајќи ја најголемата финансиска казна на регулаторот. Надлежниот орган за конкуренција соопшти дека „Епл“ склучил нелегални договори за елиминирање на конкуренцијата со договорите со „Tech Data“ и „Ingram Micro“. Двајцата дистрибутери беа казнети со 76,1 милиони и […]

АС: УЕФА ги признава за шампиони лидерите во националните првенства доколку натпреварувањата не продолжат


На состанокот на 17 март, УЕФА ќе разговара за организациските проблеми на првенствата со претставници на европските федерации. Меѓу другото, на состанокот ќе бидат претставени општите критериуми за избор на шампиони на националните лиги, екипи кои ќе добијат места во европските натпреварувања следната сезона, како и клубови кои ќе летаат надвор од нивните дивизии. УЕФА […]

Се одложува јавната седница за предметот по случајот „27 април“


Јавната седница закажана за ден 18,19 и 20 март по предметот познат во јавноста како „27 Април“ се одложува во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, соопшти Апелацискиот суд Скопје. Одложувањето, како што се наведува во соопштението на Судот, е поради […]

Изборите ќе се одложат – до кога ќе трае техничката влада


Веќе е сосема јасно дека изборите ќе бидат одложени, иако не се знае кој датум ќе биде одреден за гласањето. Претседателот Стево Пендаровски во петокот изјави дека нема да биде крај на светот ако изборите се одложат за месец-два, но прашање е дали тие можат да се одржат во таа временска рамка. И дали уште […]

НБМ ја намали основната каматна стапка на 1,75 отсто што ќе овозможи поевтини кредити


Мерката треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките   Народната банка на Македонија ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на нивото од 1,75 отсто. Оваа одлука е донесена на денешната вонредна електронска седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, соопшти НБМ. „Ова е второ намалување на […]

Австралиски научници тврдат дека пронашле лек за новиот корона вирус


Тим австралиски истражувачи тврди дека пронашле лек за новиот корона вирус и се надеваат дека до крајот на месецот ќе го тестираат на пациентите во својата земја. Професор Дејвид Патерсон од Центарот за клинички истражувања на Универзитетот во Квинсленд изјави дека научниците утврдиле дека два медикамента можат да го победат Сарс-КоВ-2 во епрувета. Тој тврди […]

Герила акција на плоштад – „Држете растојание“


Нова герила акција „Држете растојание“ на плоштадот „Македонија“ има за цел на најдиректен и визуелно експлицитен начин да ги потсети граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето и ги минимизираат своите контаки и на тој начин да се заштитат себеси и другите од невољата која не снајде сите со пандемијата на вирусот […]

Макрон, Меркел и Фон дер Лајен договорија мерки на границите поради Ковид-19


Францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателката на Европската комисија Урсула фод дер Лајен договорија денеска во следните часови да преземат мерки на надворешните граници на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон. Макрон ги осуди едностраните мерки за гранична контрола преземени од некои земји на ЕУ, настојувајќи да го контролираат ширењето на коронавирусот. […]

Лидерите на ЕУ на состанок за корона вирусот преку видео конференција


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска свика нови разговори на лидерите на ЕУ, а главна тема е коронавирусот. Разговорот на лидерите ќе се одвива преку видео конференција, најави Мишел на својот Твитер профил. -Запирање на ширењето на вирусот, обезбедување доволни количества медицинска опрема, поинтензивни истражувања и ограничување на економските последици се клучни, нагласи Мишел. […]

Извоз на медицинска опрема од ЕУ на Балканот само со посебна дозвола


Европската Комисија денеска потврди дека и западниот Балкан ќе мора да добие посебни дозволи во случај на извоз на медицинска опрема од ЕУ кон регионот, како што е предвидено за било која земја вон ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го потврди портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, на прашање од австриски медиум […]

Откажани сите летови од „Св. Апостол Павле“, аеродромот во Скопје функционира непречено


Летовите од и кон Македонија преку аеродромот во Скопје се одвиваат непречено. Сите летови пак, од и кон аеродрoмот во Охрид „Св. Апостол Павле“ се откажани. На веб-страниците на аеродромите има поставено линк кон најважните информации во врска со развојот на ситуацијата со Ковид-19, мерките кои ги препорача Владата, како и линкови за заштита на […]

Анкета на ИРИ: Економска загриженост и намалени надежи за пристап во ЕУ


Додека 80 проценти од граѓаните поддржуваат земјата да стане членка на Европската унија, само 28 проценти веруваат дека тоа ќе се случи во текот на следните пет години, покажува најновата анкета за Северна Македонија спроведена на национално ниво од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). За 19 проценти од испитаниците […]

Филипче: Кина понуди да донира 200 респиратори


Кина понуди да донира 200 респираторни машини за македонското здравство, изјави министерот Венко Филипче во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. „Во моментов располагаме со околу 200 респираторни машини, а во рок од една недела ќе пристигнат уште стотина. Исто така Кина се понуди да донира 200“, рече Филипче, додавајќи дека вкупната бројка […]

Се затвора визното и конзуларно одделение на германската амбасада


Како последица на прогресивното ширење на корона-вирусот (ковид-19), конзуларното одделение, вклучително и визното во Германската амбасада, се затвора веднаш на неопределено време за нормален проток на посетители. Сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин. За тие што имаат исклучиво германско државјанство и германски пасош и/или лична карта што ќе […]

(ВИДЕО) Мицкоски зборувал со Пендаровски, лидерската ќе се одржи утре


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборувал со претседателот Стево Пендаровски и притоа договориле да се свика лидерска средба, која треба да се одржи утре. Ова Мицкоски го најави на прес конференција, на која повтори дека неговата партија е за одлагање на изборите бидејќи не може да се води политика со здравјето на граѓаните. Според негова […]

Групацијата Ер Франс- КЛМ ги приземјува своите авиони поради коронавирусот


Франција – Воздухопловните компании Ер Франс и КЛМ се приморани да преземат драстични мерки поради коронавирусот. Соочени со зголемени ограничувања на опциите за патувања и нагло опаѓање на побарувачката што резултираше со пад на сообраќајот и продажбата во последните неколку недели, групацијата Ер Франс- КЛМ е приморана постепено да ги намали своите летови во текот на […]