Макрон, Меркел и Фон дер Лајен договорија мерки на границите поради Ковид-19


Францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателката на Европската комисија Урсула фод дер Лајен договорија денеска во следните часови да преземат мерки на надворешните граници на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон.

Макрон ги осуди едностраните мерки за гранична контрола преземени од некои земји на ЕУ, настојувајќи да го контролираат ширењето на коронавирусот.

Имено, дојде до несогласување меѓу Макрон и Меркел откако Германија одлучи времено да воведе контроли со Австрија, Швајцарија, Франција, Луксембург и Данска поради спречување на ширењето на Ковид-19.

Портпарол на ЕК претходно истакна дека какви било мерки на границите мораат да бидат добро координирани, со цел да не се влоши снабдувањето со храна и санитетски материјал.