Франција го казни „Епл“ со 1,1 милијарди евра


Францускиот антимонополски орган го го казни „Епл“ со 1,1 милијарди евра денес заради кршење на правилата за конкуренција, означувајќи ја најголемата финансиска казна на регулаторот.

Надлежниот орган за конкуренција соопшти дека „Епл“ склучил нелегални договори за елиминирање на конкуренцијата со договорите со „Tech Data“ и „Ingram Micro“. Двајцата дистрибутери беа казнети со 76,1 милиони и 63 милиони евра.

Органот исто така открил дека „Епл“ им наметнал цени на препродажба на услугите и ја злоупотребил својата позиција како добавувач на услуги, фаворизирајќи ги своите добавувачи на мало.

Истрагата на антимонополската агенција беше забавена кога „Епл“ ја оспори законитоста на рациите во 2013 година. Француските судови заклучија во 2018 година дека претресите биле легални.

Паричната казна, најголемата досега изречена од страна на антимонополскиот регулатор на Франција, е трипати поголема од претходната рекордна казна – парична казна од 350 милиони евра за телекомуникацискиот оператор „Оринџ“ во 2015 година. (Политико)