Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, во самоизолација поради ковид-19


Европската комисија соопшти дека потпретседателот на оваа институција, Франс Тимерманс, одлучил да се стави самиот во карантин до 20 март, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тимерманс минатата недела имал состанок на 6 март со француската државна секретарка за екологија, Брин Поарсон, која е тестирана позитивно на коронавирусот.

-Тимерманс е во добра општа состојба и не покажува симптоми, соопштија од Европската комисија.

Неизвесно е меѓутоа со колку од другите еврокомесари тој бил во контакт и дали тие се сега ризични.

Портпаролот Ерик Мамер соопшти дека ниеден друг еврокомесар не се наоѓа во карантин моментално, “затоа што нема индикации дека потпретседателот е заразен“.

Самоизолацијата на 58-годишниот Тимерманс е негова лична иницијатива иако тој се чувствува „одлично“.