Герила акција на плоштад – „Држете растојание“


Нова герила акција „Држете растојание“ на плоштадот „Македонија“ има за цел на најдиректен и визуелно експлицитен начин да ги потсети граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето и ги минимизираат своите контаки и на тој начин да се заштитат себеси и другите од невољата која не снајде сите со пандемијата на вирусот Ковид 19.

„Едновремено преку акцијата сакаме да ги потсетиме граѓаните да ги почитуваат препораките и да се прдржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните државни органи. Сметаме дека во оваа ситуација превенцијата е најбитна и затоа преку јазикот на уметноста се обудуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус. Како уметници и активисти неможеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да го прави она што најдобро го знае вклучувајќи ги тука и уметниците и активистите кои преку своите дела можат да влијаат и да го информираат населението за мерките кои треба да се превземаат за самозаштита. Оваа акција ја посветуваме и подаруваме на медицинските лица и здравствените работници кои деноноќно се борат да го зачуваат јавното здравје“, се вели во соопштението на активистите.

Од таму додаваат дека согласно препораките на министерството за здравство при изработката на оваа акција непостоеше никаков директен контакт помеѓу членовите на групата, туку се работеше во фази и секвенцијално, секој човек ралзична фаза за да се избегне директен контакт но и за да се докаже дека иако е тешко работите можат да се завршат и на овој начин.

Фото: Б.Грданоски