(ВИДЕО) Мицкоски зборувал со Пендаровски, лидерската ќе се одржи утре


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборувал со претседателот Стево Пендаровски и притоа договориле да се свика лидерска средба, која треба да се одржи утре. Ова Мицкоски го најави на прес конференција, на која повтори дека неговата партија е за одлагање на изборите бидејќи не може да се води политика со здравјето на граѓаните.

Според негова проценка за два месеци штетата за македонската економија ќе биде 220 милиони евра, поради што побара мерки за нејзино ублажување.

Тој притоа се пожали дека иако поминале 24 часа, никој од Владата не се јавил да регира на понудената помош во експерти за здравство и други сфери од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/647011789366312/