Се затвора визното и конзуларно одделение на германската амбасада


Како последица на прогресивното ширење на корона-вирусот (ковид-19), конзуларното одделение, вклучително и визното во Германската амбасада, се затвора веднаш на неопределено време за нормален проток на посетители. Сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.

За тие што имаат исклучиво германско државјанство и германски пасош и/или лична карта што ќе станат невалидни во следните два месеца или веќе се неважечки, амбасадата треба да се контактира по мејл во кој ќе се приложи копија од документот.

Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини.