Прв смртен случај од корона вирус во Македонија


Прва жртва на корона вирусот во Македонија, е жена од Куманово на возраст од 57 години. Кај неа навреме се направени два теста кои биле негативни. Но, затоа што симптомите кои ги имала, биле типични за болеста, била третирана во изолација. Посмртно кај жена од Куманово, земени се брисеви, и констатирано дека имала корона вирус. […]

Во Штип три нови случаи на заболени од коронавирус


Три нови слуачи на заболени од корона вирусот во Штип. Станува збор за две возрасни лица и едно дете, со што бројката на заболени од Ковид 19 во Штип се искачи на вкупно седум лица. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој го раководи кризниот штаб, вели дека од утринава се прави дезинфекција на сите […]

Шпанија воведува роботи во борбата против коронавирусот


Шпанија, земјата во која само вчера и денеска од корона вирусот починаа над 750 лица, воведува роботи за да го зголеми обемот на тестирања  и на тој начин да влијае врз исклучително тешката состојба во земјата. Директорката на Институтот за јавно здравје Карлос Трети, Ракел Јоти изјави дека владата работи на набавката на четири роботи […]

Ќе се национализира секоја фирма која ќе профитира на здравјето на граѓаните


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека секоја фирма за која ќе се докаже дека екстра-профитирала на име на здравјето на граѓаните и актуелната ситуација со коронавирусот ќе биде национализирана. Владата претходно ги замрзна цените на основните производи. Потоа ја врати цената на повеќе производи на вредноста од 11 март, пред да почнат да скокаат […]

Функционерите со намалена плата – два месеци ќе земаат само 14.500 денари


Сите функционери и раководители два месеци ќе се најдат под рестрикција и ќе добиваат минимална место актуелната плата. Како што појасни лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција, платата ќе им изнесува 14.500 денари. Истата мерка ќе важи и за судиите и обвинителите, а мерката за нив ќе важи за два месеци. Сите вработени во […]

Дука: Уште 36 се позитивни на корона вирус во Дебар


Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука вели дека се земени 209 брисеви од кои 36 лица се позитивни на корона вирусот. Во домашна изолација во Дебар се 133 лица, информираше Дука. „Земени се 209 брисеви, од кои позитивни се 36. 13 се сместени во Клиниката за заразни болести и 23 се во домашно лекување. 133 […]

Тепачки во Скопје и во Куманово


Повеќе тепачки биле пријавени во полиција во последните два дена, а во една од нив жртва е и малолетник. Како што стои во полицискиот билтен, во петокот,  било пријавено дека на бул. „Партизански oдреди“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавен ред и мир со меѓусебна  физичка пресметка помеѓу Е.С.(35) и Д.Д.(20), двете од […]

Со тракторот удрил во куќа, маж тешко повреден


Во саботата било пријавено дека на регионалниот пат Радовиш-Конче кај с.Дедино Л.К.(62) од с.Дедино управувајќи трактор излетал надвор од коловозот и удрил во потпорен ѕид од влез на куќа. Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид на местото на […]

(ВИДЕО) Заев најави пари и помош за сите што се погодени од кризата


СДСМ подготвила нов огромен економски пакет со кој треба да им се помогне на бизнисот, на граѓаните и на целата економија зафатена од кризата поради епидемијата – во вкупна вредност од 200 милиони евра. Така, за април и за мај државата ќе обезбеди минимални плати за вработените во сите фирми кои ќе бидат погодени од […]

Македонија ќе се задолжи од 590-610 милиони евра за да ја спаси економијата


Македонија ќе се задолжи околу 590 – 610 милиони евра со кои ќе ја спасува економијата, односно фирмите и работните места кои се загрозени како последица од епидемијата со корона вирусот, соопшти денес министерката за финансии Нина Ангеловска. Околу 400 милиони евра ќе бидат побарани од комерцијалните банки преку таканаречен кредит за премостување до издавањето […]

Кривични пријави за 77 лица – не ги почитувале мерките за самоизолација


Вкупно 77 кривични пријави за граѓани кои не ги почитувале владините мерки поднела полицијата, од воведувањето на мерките па се до денеска. До обвинителствата пак доставени се пет посебни извештаи, и десет прекршочни мерки заради прекршоци при нарушување на јавниот ред и мир. МВР контролира и вкупно 604 луѓе на кои им се поднесени решенија […]

АВМУ бара еднаков пристап за сите медиуми


 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира, во услови кога е прогласена вонредна ситуација поради коронавирусот, на сите медиуми – електронски, печатени и онлајн медиуми – да им се обезбеди еднаков пристап за известување. -Имајќи ја предвид неопходноста граѓаните да бидат навремено, објективно и сестрано информирани за превенцијата од ширењето на коронавирусот и мерките […]

(Галерија) Селфи во услови на корона вирус


Покрај мерките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните со цел да се спречи ширење на корона вирусот, животот во Скопје продолжува. Граѓаните внимаваат на себе и на другите. Речиси секој носи маска. Помладите не ја пропуштија шансата да направат селфи со маска. Седат на клупи во парковите и покрај Вардар, но едниот на […]

Заразени уште 29 лица, сега вкупно 114 со корона вирус


Во земјава во изминативе 24 часа регистрирани се 29 нови заболени од коронавирусот. Најголемиот дел од заразените се од Скопје.Сега бројката на заразени се искачи на 114 лица во нашата земја. Освен градвите во кои досега беа регистрирани нови случаи, сега има еден заразен и во Куманово.По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово […]

Ангеловска-Бежоска: Мерките на НБМ покрај одложување на ратите овозможуваат и други поволности


Банките и штедилниците ќе можат на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од корона кризата, што е поповолно од едеинствена мерка мораториум на отплатите на кредитите, изјави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за МТВ. Таа појасни дека регулаторните измени што ги донесе Советот на Народната банка во петокот […]

(ВИДЕО)Армијата ќе ја контролира границата, Владата, Собранието…


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска извести дека од денес армијата ќе ја контролира целата граница на Македонија, за да може да се повлече полицијата бидејќи таа е обучена за справување со цивилни кризи како оваа со епидемијата. Армијата и полицијата заеднички ќе имаат мобилни екипи и ќе го контролираат влезот и излезот од одредени населени […]

Зошто Италија најмногу страда од корона вирусот?


Зошто Италија? Голем број луѓе се прашуваат зошто прекрасната медитеранска земја стана новиот епицентар на пандемијата на корона вирусот. Експертите наведуваат низа причини – од релативно високата возраст во Италија до нејзиниот здравствен систем до некоја старомодна лоша среќа – до катастрофа што не е видена со генерации. Ниту еден од одговорите само не објаснува […]

(Фото) Сред епидемијата од корона вирус, нов шок: Ова се сцените по серијата силни земјотреси во Загреб


Во ек на епидемијата од корона вирусот, Загреб утрово доживеа уште еден шок – беше погоден од силен земјотрес од 5,3 степени по Рихтер. Граѓаните кои веќе екстремно загрижени поради пандемијата со Ковид 19, дополнително се вознемирија од земјотресот регистриран во близина на хрватскиот главен град. Ова се фотографии и видеа што ги објавија медиумите. […]