ВМРО-ДПМНЕ: Заев им зема на граѓаните од џеб


Заев им зема на граѓаните од џеб, намалените плати ќе значат крах за семејствата – е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на сетот економски мерки што ги објави денес лидерот на СДСМ Зоран Заев, меѓу кои и минималната плата за администрацијата. Под наслов „факти кои го одбележаа денот“, ВМРО-ДПМНЕ со осуда и на министерот Веноо Филипче кој […]

Француски лекар почина од корона вирус


Mинистерот за здравство Оливие Веран денеска соопшти дека починал првиот лекар во Франција од корoна вирусот. Министерот му оддаде почит на целиот медицински персонал од првите редови и ги повика другите работници да ги одржуваат основните услуги и покрај тоа што целата држава е заклучена. „Медицинската професија денес прави голема жртва во нашата земја“, рече […]

Расте бројот на смртни случаи и во Холандија


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Холандија се зголеми за 16 отсто, нови 573 лица со што вкупниот број изнесува 4.204, соопштија холандските здравствени власти во дневното ажурирање во неделата. Бројот на починати во Холандија се зголеми за 43 лица и сега тој изнесува 179. Жртвите се на возраст меѓу 57 и 97 години.

Почнува европско клиничко испитување со хлорокин или хлорокинин против коронавирусот


Во Франција почна европско клиничко испитување за проценка на четири експериментални третмани за борба против корона вирусот, соопшти денеска Националниот институт за здравство и медицински истражувања (Инсерм), јави дописникот на МИА. Третманот е наречен „Дискавери“ и во него има  хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени ветувачки резултати во борбата против корона вирусот. Ова посебно за време на студијата […]

Филипче објасни како била лечена и тестирана жената што почина од корона вирус


Според податоците од болницата во Куманово и од Институтот за јавно здравје, министерот за здравство, Венко Филипче, ја појасни ситуацијата околу првата жртва на корона вирус кај нас, 57-годишната жена од Куманово. 16 март прв преглед, со температура, без други симптоми. Не патувала во странство и немала други контакти со заблени. Следниот ден дошла пак […]

Во Србија од коронавирус денеска заболени уште 34 лица, вкупно 222


Во Србија денеска уште 34 лица се заразиле со корона вирус, се најнови податоци од Министерството за здравство. Со тоа, како што јави дописникот на МИА од Белград, вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 во Србија изнесува 222 лица. Од последниот извештај до 18 часот на 22 март 2020 година, тестирани се примероци од 61 […]

Дескоска ќе побара укинување на финансирањето на политичките партии


Министерката за правда Рената Дескоска на својот фејсбук профил објави дека ќе побара Владата да донесе уредба за укинување на годишното финансирање на политичките партии. -Како министер за правда во чија надлежност е Законот за финансирање на политичките партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии […]

Ангела Меркел во карантин по средба со лекар заразен од корона вирус


Германската канцеларка Ангела Меркел е ставенa во карантин откако се сретнала со лекар, кој подоцна бил тестиран позитивно на корона вирусот. Ова го потврди нејзиниот портарол во изјава за агенцијата ДПА. Меркел беше известена по прес-конференцијата во неделата дека лекарот што во петокот администрирал пнеумококна вакцина за неа бил тестиран позитивно на вирусот, изјави портпаролот […]

Продолжуваат црните денови за Италија: Денеска 651 починат од корона вирус


Во Италија денеска како последица од корона вирусот починаа 651 лице, а вкупниот број починати во таа земја сега изнесува 5.476. Бројот на нови заразени изнесува 5.560, а вкупно заразени се повеќе од 59 илјади, од кои 46 илјади се активни случаи. Во Италија од Ковид 19 заболеа вкупно 59.138 лица, односно бројот на новозаболени […]

Нов земјотрес во Загреб, забрането да се напушти градот поради корона вирусот


Нов земјотрес со јачина од 2,8 степени го погоди денеска Загреб во 16.16 часот. Според првичните податоци во утринските потреси повредени се 17 лица, додека 15-годишното девојче се уште е во критична состојба, а лекарите се борат за нејзиниот живот. Епицентарот на земјотресот е кај Сопот на длабочина од само 2 километри. Хрватските медиуми наведуваат […]

Од земјотресот оштетен стадионот „Максимир“ во Загреб


Стадионот „Максимир“, дом на фудбалерите на Динамо од Загреб, оштетен е во земјотресот што утрово се случи во главниот град на Хрватска. Порталот Индекс пренесе дека испукани се стакла на северната страна, како и делови од конструкцијата на источната и западната трибина на стадионот. На подот има срчи, прозорците се искршени, а делови од бетон […]

Целосна забрана на движење во Грција


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис попладнево соопшти целосна забрана на движењето во Грција, што стапува во сила утре во шест часот наутро, а дозволено ќе биде само посета на супермаркети аптеки, посета на лекари или лица на кои им треба грижа, индивидуално спортување, прошетка на домашните миленичиња и оние кои работат да стигнат до нивните работни […]

Пласидо Доминго е позитивен на Ковид -19


Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) е заразен со корона вирус, откако неговиот тест се покажал позитивен. Веста за заразувањето Доминго ја соопшти самиот на својот профил на Фејсбук. -Се чувствувам обврзан да ве информирам дека имав позитивен тест за Ковид -19. Моето семејство и јас сме во самоизолација. Во моментов  сите сме во добра […]

Тавила од СЗО: Почитувајте ги мерките за да го намалиме ширењето на корона вирусот


Здравствените власти засега добро се справуваат со ширењето на корона вирусот во земјата. Неопходно е целосно спроведување на мерките и препораките, зошто од тоа зависи со колкава брзина ќе се шири епидемијата. Тоа, пак е многу важно за да може здравствениот систем да ги прифати сите пациенти кои ќе имаат потреба и да ги лекува, […]

Изборите ќе продолжат кога ќе заврши вонредната состојба


Според роковникот што ДИК го донесе ноќта на 16 февруари, кога беше распуштен парламентот, утре требаше да почне изборната кампања   Спроведувањето на предвремените парламентарни избори за пратеници ќе продолжи кога ќе заврши вонредната состојба што ја прогласи шефот на државата. Со Уредбата за прекинување на изборните дејствија што ја донесе техничката влада не се […]

Сите мерки што ги најави Заев


1. Минимална плата за април и мај, обезбедена од државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата За сите приватни фирми погодени од кризата владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14. 500 денари) за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, […]

Повозрасните да може да шетаат само до 10 часот?


Државата размислува за нови дополнителни мерки за превенција на ширењето на коронавирусот и заштита на најкритичните, наризичните групи граѓани. За нив утре ќе дискутира Комисијата за заразни болести, која ќе ги достави до Централниот штаб, а по тоа и по потреба и до Владата. – Станува збор за граѓаните над 65 години за кои сметаме […]

Од утре во земјава 14 пунктови за тестирање за коронавирус


Од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата. -Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки […]

ДИК ги запре дејствијата за изборите поради вонредната состојба


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе заклучок за запирање на дејствијата за предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 12 април постапувајќи по Уредбата со законска сила што ја донесе Владата на Република Северна Македонија. -Се запираат сите понатамошни дејствија и активности на Општинските изборни комисии. Сите изборни дејствија кои се […]