Нов земјотрес во Загреб, забрането да се напушти градот поради корона вирусот


Нов земјотрес со јачина од 2,8 степени го погоди денеска Загреб во 16.16 часот.

Според првичните податоци во утринските потреси повредени се 17 лица, додека 15-годишното девојче се уште е во критична состојба, а лекарите се борат за нејзиниот живот.

Епицентарот на земјотресот е кај Сопот на длабочина од само 2 километри.

Хрватските медиуми наведуваат дека новиот земјотрес силно се почувствувал во целиот град.

Сепак, надлежните предупредуваат дека ширењето на корона вирусот е многу поопасно по живот од земјотресот, кој пак не е можно да се предвиди, па се укажува на потребата од почитување на претходно издадените мерки.

Заради земјотресот многу загрепчани се упатија кон приморјето, најмногу кон Риека, но набрзо сите пунктови беа затворени, а на оние кои успеаја да стигнат до приморските градови им е одредена 14-дневна изолација како заштита од корона вирусот.