ВМРО-ДПМНЕ: Заев им зема на граѓаните од џеб


Фото: Б. Грданоски

Заев им зема на граѓаните од џеб, намалените плати ќе значат крах за семејствата – е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на сетот економски мерки што ги објави денес лидерот на СДСМ Зоран Заев, меѓу кои и минималната плата за администрацијата.

Под наслов „факти кои го одбележаа денот“, ВМРО-ДПМНЕ со осуда и на министерот Веноо Филипче кој според нив крахира бидејќи има прв смртен случај во Македонија. Исто така оваа партија смета дека власта се однесува игнорантски со корона вирусот бидејќи донесениот полициски час не е доволен и треба да почне од 18 часот.