Дескоска ќе побара укинување на финансирањето на политичките партии


Фото: Б. Грданоски
Министерката за правда Рената Дескоска на својот фејсбук профил објави дека ќе побара Владата да донесе уредба за укинување на годишното финансирање на политичките партии.
-Како министер за правда во чија надлежност е Законот за финансирање на политичките партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година. Се надевам дека сите политички партии ќе ја поддржат предложената уредба. Солидарност на дело., напиша Дескоска на својот Фејсбук профил.