Од земјотресот оштетен стадионот „Максимир“ во Загреб

Стадионот „Максимир“, дом на фудбалерите на Динамо од Загреб, оштетен е во земјотресот што утрово се случи во главниот град на Хрватска.

Порталот Индекс пренесе дека испукани се стакла на северната страна, како и делови од конструкцијата на источната и западната трибина на стадионот.

На подот има срчи, прозорците се искршени, а делови од бетон има наоколу.

Динамо се огласи и потврди дека дошло до рушење на делови од стадионот.