Тепачки во Скопје и во Куманово


Повеќе тепачки биле пријавени во полиција во последните два дена, а во една од нив жртва е и малолетник.

Како што стои во полицискиот билтен, во петокот,  било пријавено дека на бул. „Партизански oдреди“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавен ред и мир со меѓусебна  физичка пресметка помеѓу Е.С.(35) и Д.Д.(20), двете од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.    .

Во саботата М.М.(39) од Скопје пријавила дека на 20.03.2020 околу 16,30 часот на ул. „Александар Урдаревски“ нејзиниот 17-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

Во сабоата О.И.(67) од Скопје, пријавил дека на ул.“Народен фронт“ по претходна расправија бил физички нападнат од Б.М.(62) од Скопје. Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл. 6 и 12 од ЗППЈРМ.

Исто така во саботата, во 9.15 часот Љ.М.(57) од Куманово пријавил дека истиот ден околу еден часот во неговиот дом во Куманово бил физички нападнат од неговиот син Б.М.(31). Љ.М. бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.