(ВИДЕО) Заев најави пари и помош за сите што се погодени од кризата


СДСМ подготвила нов огромен економски пакет со кој треба да им се помогне на бизнисот, на граѓаните и на целата економија зафатена од кризата поради епидемијата – во вкупна вредност од 200 милиони евра.

Така, за април и за мај државата ќе обезбеди минимални плати за вработените во сите фирми кои ќе бидат погодени од кризата.Фирмите само ќе си ги платат придонесите, а според Заев станува збор за  99 шифри на дејност, односно  безмалку половина од нив се погодени од кризата. Тој, сепак, нагласи дека знае кои од нив не се погодени од кризата, споменувајќи дека од мерката ќе бидат исклучени сите  фирми кои ќе  даваат дивиденти и бонуси за 2019 година  и кои сега  ги повлекуваат.

Помош, рече Заев, нема да нема да има за оние вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари.Потоа, фирмите кои ќе аплицираат за помош ќе мораат во моментот на аплицирањето да имаат ист број на вработени како пред кризата со короната, за да не се отпуштаат работници.

-Правиме се секој работник да го задржи работното место, затоа за оваа мерка ќе се одвојат  120 милиони евра, рече Заев.

Сите што останале без работа, исто така, ќе добијат месечна плата и надомест  во висина од просечната плата , додека сите  функционери и раководители два месеци ќе се најдат под рестрикција и ќе добиваат минимална место актуелната плата. Истата мерка ќе важи и за судиите и обвинителите, а мерката и за нив се однесува за два месеци.

Сите вработени во јавниот сектор на државно и на локално ниво ќе добиваат исто така минимална плата за април и мај. Ова не се однесува на медицинскиот персонал, полицајците и сите што се справуваат со корона вирусот.

-Подобро да издржиме два месеци отколку да дозволиме крах на економијата, порача Заев нагласувајќи дека е потребна солидарност во вакво време и дека 70 до 75 отсто од дејностите се опфатени со помошта.

Натаму, тој  дополни дека членовите на управни и слични одбори  од извршната и локална власт, членови на комисии нема да земаат никаков надомест за април и мај, бидејќи ова не е време за  екстра надоместоци. Заштедите, рече Заев, ќе се уплатат во фонд за борба против короната, отворен во рамките на буџетот на Владата.

И тоа не е се. По 7.000 денари ќе се даде на лице по домакинство што е без ангажман  сега, а било дел од неформалната економија, преку брз влез во системот на социјална заштита. Исплатите исто така ќе бидат за април и мај.

Се запира законот за извршување  до крајот на јуни, а извршителите треба да запрат со било какви извршни дејствија. Исклучок е само ако парите се легнати на сметка на извршителите или тие што се наменети за алиментации.

Ќе има и одложување на ратите за кредитите на фирмите и на граѓаните  за три месеци. Банките го прифатиле ова, а некои најавиле одложување и за повеќе од три месеци. Ако некоја банка не сака да ја спроведе мерката, Владата подготвила уредба со законска сила за промена на Законот за облигациони односи.

Се ослободуваат од плакање закуп и корисниците на социјални станови, како и граѓаните и фирмите кои имаат закуп на деловен  простор од Претпријатието за станбен и деловен простор за три месеци. Заев очекуваше и приватниците кои издаваат стабови да ги одложат закупнините на клиентите и да покажат солидарност.

Тој најави и дополнителни кредити за фирмите од 6 милиони евра, покрај 7-те кои се веќе пуштени нагласувајќи дека каматата за нив ќе ја плати Владата. Најави и нови 50  милиони евра ефтини кредити преку Развојната банка со камата не поголема од еден процент.

Како вонредна мерка, ќе се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата, за да се  спречи наплив на наплаќања на побарувањата додека трае кризата. Помош ќе има и за сите медиуми кои ќе добијат по минимална плата за секој вработен за април и мај во висина од 14.500 денари. Тоа истото важи и за сите спортски работници и за самостојните уметници.

За пензионерите, бремените жени  и лицата со попречност од 7 до 10 наутро ќе им се овозможи да купуваат само тие во продавниците. Ако се докаже дека некој остварува екстра профит владата може да донесе уредба за денационализација, а Заев нагласи дека тој лично ќе го поддржи тоа.

-Чесно си ја заработувавте платата, а сега поради кризата сте соочени со неизвесна егзистенција, оцени Заев , објаснувајќи го мотивот за овој огромен пакет мерки и повикот сите да ги прифатат и да се солидаризираат.

На крајот тој ги охрабри земјоделците да продолжат со работа и  да ги посеат нивите, бидејќи се што им треба е обезбедено.(С.Ј.)

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1377615512442575/