Заразени уште 29 лица, сега вкупно 114 со корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Во земјава во изминативе 24 часа регистрирани се 29 нови заболени од коронавирусот. Најголемиот дел од заразените се од Скопје.Сега бројката на заразени се искачи на 114 лица во нашата земја. Освен градвите во кои досега беа регистрирани нови случаи, сега има еден заразен и во Куманово.По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Бројката на вкупно заразени е најголема во Скопје – вкупно 66 лица.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите, извести министерот Венко Филипче.