Кривични пријави за 77 лица – не ги почитувале мерките за самоизолација

Вкупно 77 кривични пријави за граѓани кои не ги почитувале владините мерки поднела полицијата, од воведувањето на мерките па се до денеска.

До обвинителствата пак доставени се пет посебни извештаи, и десет прекршочни мерки заради прекршоци при нарушување на јавниот ред и мир.

МВР контролира и вкупно 604 луѓе на кои им се поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на граѓани.

При контроли на решенија за изолација утврдени се пет непочитувања, додека пак по основ на изјавите за самоизолација утврдени се 105 случаи кои не го почитувале она што го потпишале.

Полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави по член 206 од КЗ на РСМ.