Со тракторот удрил во куќа, маж тешко повреден


Во саботата било пријавено дека на регионалниот пат Радовиш-Конче кај с.Дедино Л.К.(62) од с.Дедино управувајќи трактор излетал надвор од коловозот и удрил во потпорен ѕид од влез на куќа.

Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар во Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.