Прв смртен случај од корона вирус во Македонија


Фото: Б. Грданоски

Прва жртва на корона вирусот во Македонија, е жена од Куманово на возраст од 57 години.

Кај неа навреме се направени два теста кои биле негативни. Но, затоа што симптомите кои ги имала, биле типични за болеста, била третирана во изолација.

Посмртно кај жена од Куманово, земени се брисеви, и констатирано дека имала корона вирус. Жената на возраст од 57 години, била во болница, но постојано и се влошувала состојбата. Нејзиниот син, на возраст од 33 години, исто така е заболен од корона вирус, рече министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се нови 29 нови случаи, со тоа денеска до 12 часот, бројот на заболени изнесува 114.

Во Скопје има 65 заболени, Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1) – појасни Филипче.

На Клиниката за инфектологија има 24 пациенти. Седум се на кислородна поддршка. Утре по изминување на 14 дена, ќе се зема контролен брис кај шест пациенти.

Пациентката која е на респираторна машина е со непроменета состојба.