Ќе се национализира секоја фирма која ќе профитира на здравјето на граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека секоја фирма за која ќе се докаже дека екстра-профитирала на име на здравјето на граѓаните и актуелната ситуација со коронавирусот ќе биде национализирана.

Владата претходно ги замрзна цените на основните производи. Потоа ја врати цената на повеќе производи на вредноста од 11 март, пред да почнат да скокаат цените поради зголемената побарувачка.

Најпрво скокна цената на заштитните маски. Потоа забележлив беше скокот на цената и кај лимоните, кои достигнаа цена и по 180 денари за килограм, а пред кризата се продаваа по 70-тина денари.