Солана си објави фотографија со респиратор


Поранешниот генерален секретар на НАТО и прв шеф на дипломатијата на ЕУ Хавиер Солана се лечи во болница во Шпанија и си твита. На својот профил тој си објави и фотографија со респиратор. Солана  беше дијагностициран со корона вирусот на средината на март а пријателите, функционери низ светот му порачаа дека цел живот бил храбар […]

Анализа: Жените поизложени на ризик од Ковид-19, Владата да излезе со посебни мерки за самохраните родители и самовработените


Владата треба да воведе повеќе критериуми при развојот на мерките и да има посебни финансиски и нефинансиски мерки за поддршка на самохраните родители и самовработените како резултат на кризата. Соработката со невладиниот сектор за помош на лицата со посебни потреби, старите, жртвите на насилство и самохраните родители треба да биде итно приоретизирана за ефективен одговор […]

Филмаџиите добија помош од Агенцијата за филм


По препораките на Владата на Република Северна Македонија и сите релевантни европски институции кои апелираат за итна помош на филмот, во договор со претседателот на Друштвото на филмските работници, Игор Иванов, а по конструктивната средба со министерот за култура Хусни Исмаили, во рамките на своите законски овластувања, Агенцијата за филм од средствата од годишниот буџет, […]

Јанушев: Заев да се откаже од урамниловката на платите на функционерите и работниците


Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ побара Владата да се откаже од “урамниловката што ја предлага Зоран Заев“, односно од изедначувањето на платите на функционерите и на работниците. Како што е познато СДСМ предложи и функционерите и вработените во јавната администрација да добијат само минимални плати за април и за мај, за да се солидаризираат со тие […]

„Виз Ер“ ги суспендира летовите од скопската база до 4 април


Сите летови на авиокомпанијата „Виз Ер“ од скопската база ќе бидат суспендирани до 4 април. Овие мерки беа објавени на 18 март во 23 часот по локално време, следејќи ги рестрикциите на македонските власти во обидите да го спречат ширењето на коронавирусот, соопшти денеска „Виз Ер“. Како што информираше вчера министерот за транспорт и врски […]

Нови 15 случаи на заразени во Албанија, вкупно 104


Албанија– Со ново потврдените 15 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 104, од вкупно тестираните 856 лица. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу потврди дека мапата за изложеност на коронавирус е проширена и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на надлежните. -Само во […]

Марти Ахтисари позитивен на корона вирус – спаѓа во ризичната група


Поранешниот претседател на Финска и некогашен специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за преговори за статусот на Косово, Марти Ахтисари е позитивен на корона вирус. Според соопштението од кабинетот на претседателот на Финска, инфекцијата кај Ахтисари била потврдена вчера. Во текот на викендот инфекција од корона вирус е потврдена кај неговата сопруга, Еева. […]

Корона вирусот сега галопира во Турција


Бројот на случаи со коронавирус во Турција расте со побрзо темпо од инфекциите регистрирани во текот на истата фаза во други земји низ светот, се вели во извештај на Универзитетот Оксфорд. Во извештајот е дадена траекторија на потврдени случаи во сите земји, почнувајќи од денот кога одредена земја достигнува 100 потврдени случаи. Досега Турција објави […]

Маски место облека : Ношпал како Balenciaga и YSL


Дизајнерот Александар Ношпал сподели на социјалните мрежи дека од денес ќе прави маски за подарок бесплатно и во сите бои. Со овој солидарен гест македонскиот дизајнер се приклучува кон луксузните модни куќи ширум светот кои место со облека и козметика сега даваат придонес во борбата против ширењето на коронавирусот помагајќи со недостаток на маски. Луксузниот […]

Парадата за Денот на победата во Русија пред празен плоштад?


Русија размислува за одржување на својата годишна парада за Денот на победата пред празни трибини во мај, бидејќи коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет, објави во вторникот веб-страницата за вести Опен Медија. Прославите за Денот на победата во Москва вклучуваат огромна воена парада на Црвениот плоштад, но коронавирусот ги затвори речиси сите големи […]

Укинати царините за 13 медицински производи, следи намалување на царините за прехранбената индустрија


Владата на предлог на Министерството за економија стопроцентно ги укина царинските давачки за 13 медицински производи, кои се увезуваат како потрошен медицински материјал. Укинувањето на царинската стапка за овие стоки ќе важи до завршувањето на вонредната состојба поради корона вирусот, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Вчера и предложивме на Владата, а таа усвои […]

СЗО : Речиси две милијарди луѓе во изолација, пандемијата се забрзува


Швајцарија– Со повеќе од 1,8 милијарди луѓе во изолација, над 16.500 смртни случаи и здравствени системи на неколку земји што се на раб на колапс, пандемијата Ковид-19“ продолжува да се забрзува и сее паника низ целиот свет. Пандемијата се „забрзува“, но нејзиниот тек може да се измени, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги државите […]

Влада: Сите заклучоци за преземање мерки и активности за превенција важат додека трае вонредната состојба


Сите заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, информираат денеска од Владата. „Владата на 25-тата седница од 21 март 2020, покрај усвоените заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на […]

Во Хрватска и БиХ е најавено намалување на платите во јавниот сектор


Хрватска– Во Хрватска и БиХ се најавува намалување на платите во јавниот сектор од 10 до 15 отсто. Земјите од регионот по појавата на новиот коронавирус преземаат различни мерки за спас на економиите, меѓу кои е и намалувањето на платите во јавниот сектор. Хрватскиот министер за економија Дарко Хорват изјави дека доколку не помогнат другите […]

Видеоконференција на лидерите на Г20 в четврток поради коронавирусот


САД– Лидерите на дваесетте најголеми светски економии (Г20) в четврток ќе одржат видеоконференција за пандемијата на коронавирусот, објавија западните медиуми. Министрите за финансии од Г20 и централните банкари вчера на видеоконференција се договорија да усвојат „акционен план“ за Ковид-19. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува кризата со коронавирусот да предизвика глобална рецесија. Вонредниот самит на лидерите […]

Граѓаните ќе добијат ваучери од туристичките агенции за пропаднатите аранжмани


Граѓаните кои уплатиле туристички аранжман, а им пропаднал поради кризата со корона вирусот, ќе добијат ваучер од туристичките агенции со важност до крајот на следната година. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека е изготвена уредба со законска сила, со која на агенциите ќе им се овозможи да издаваат ваучери во износ на уплатената […]

Почина 15-годишното девојче повредено во земјотресот во Загреб


Петнаесет годишното девојче кое беше тешко повредено во разорниот потрес во неделата изутрина во Загреб почина вчера попладне на државната клиника, пренесе Телма. Лекарите два дена се бореа за нејзиниот живот, но на крај не успеа да ја спасат. Кога Загреб го погоди земјотресот таа се наоѓала во дневната соба во нејзиниот стан, а од […]

Првата дама Ѓоргиевска со апел : Она што можеме заеднички да го направиме е да останеме дома


Првата дама на Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, упати порака до јавноста, во врска со заштитата и справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19. Во обраќањето првата дама порачува да бидеме внимателни , но не и преплашени, да […]

Тројца полицајци позитивни на корона вирусот


Тројца припадници на полицијата се позитивни на вирусот ковид-19, објави Алсат. Засега сѐ уште нема официјални податоци од која полициска станица се заболените. Инаку, бројот на лица во самоизолација е безмалку 10.000.

Бектеши: ДУИ е против кратење на платите за целата јавна администрација


Министерот за економија, Крешник Бектеши прифаќа неговата плата да биде 14.500 денари како што предлага СДСМ, но смета дека такво кратење не треба да се однесува на целата јавна администрација. „Мојот личен став како министер за економија, но истовремено и ставот на ДУИ, политичката партија од каде што доаѓам е дека не треба такво кратење […]