Маски место облека : Ношпал како Balenciaga и YSL


Дизајнерот Александар Ношпал сподели на социјалните мрежи дека од денес ќе прави маски за подарок бесплатно и во сите бои.

Со овој солидарен гест македонскиот дизајнер се приклучува кон луксузните модни куќи ширум светот кои место со облека и козметика сега даваат придонес во борбата против ширењето на коронавирусот помагајќи со недостаток на маски.

Луксузниот конгломерат Kering (главен извршен директор е Франсоа Хенри – Пино, сопругот на актерката Салма Хајек) , татко на брендовите, вклучувајќи ги Гучи, Ботега Венета, Александар Меквин и многу други, изјави деновиве дека ќе им обезбеди на француските здравствени власти 3 милиони хируршки маски во наредните денови. Маските ќе се набават и увезуваат од Кина.

Во исто време, работилниците на Баленсијага и Ив Сен Лоран во Франција ќе започнат со производство на маски откако ќе добијат одобрение од надлежните органи. Kering вели дека работилниците ќе бидат во согласност со најстрогите мерки на здравствена заштита за нивните вработени.

Покрај тоа, компанијата донираше на Институтот Пастер, меѓународен институт за истражување и едукација, за да ги поддржи своите истражувања во врска со коронавирусот и болеста што ја предизвикува, КОВИД-19.

И неодамна, Гучи одговори на повикот во Тоскана за модните компании да обезбедат лична заштитна опрема и бара да придонесат до 1,1 милиони маски и 55.000 медицински комбинезони во наредните недели, предмет на одобрување од надлежните.

ЛВМХ, најголемата светска луксузна модна група, во саботата објави дека ќе нарача 40 милиони маски од кинески снабдувач за помош на францускиот медицински систем во борбата против коронавирусот. Таткото на Луј Витон претходно изјави дека нејзината гранка за козметика ќе започне со производство на „големи количини“ на средство за дезинфекција на рацете за да им се испорача на француските власти без никакви трошоци.

Во САД, модниот дизајнер со седиште во Њујорк, Кристијан Сириано го упати својот тим за шиење да започне со правење маски. И бројни брендови, како што се Moncler, Kenneth Cole и Zadig & Voltaire, ветија парични придонеси за помош во напорите за помош на заболените од  коронавирусот.

На овие напори, се приклучува и модниот бренд од Шведска H&M.