„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман


„Алкалоид АД Скопје“ соопшти дека денеска донира 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на Министерството за здравство, формирана за целите на справување со здравствената криза и дека ги намалува цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, […]

Министрите на ЕУ рекоа „да“ за преговори со Македонија


Министрите за европски прашања на ЕУ, на денешната видео конференција што се водеше од Загреб, рекоа „да“ за започнување  преговори со Македонија и  со Албанија. „Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји“, напиша на Твитер еврокомесарот за соседска […]

Германија ќе лечи Италијанци и Французи заразени од корона вирус


Германското Министерство за надворешни работи објави фотографија од пристигнувањето со авион на италијански граѓани заразени од корона вирус кои треба да се лечат во болница во Лајпциг. Потегот е гест на солидарност со Италија која се бори со епидемијата од масовен размер. Според германските медиуми, освен италијански во Германија ќе се лечат и француски граѓани […]

Корона вирусот галопира и во Холандија


Амстердам – – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Холандија се зголеми за 811 во вторникот, што претставува зголемување за 17 проценти во однос на претходниот ден и сега вкупната бројка изнесува 5.560, соопштија здравствените власти. Има 63 нови смртни случаи, досега најголемо зголемување, со што вкупниот број изнесува 276, се вели во дневното […]

Како да се тестирате од корона вирус?


Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку […]

Дисциплинска за полицајците што се закануваа, на едната слика не е полицаец


МВР поведе дисциплинска постапка против двајца униформирани полицајци чија слика вчера се појави на социјалните мрежи под која имаше напишано навредлива содржина за граѓани кои се во изолација поради корона вирусот. Во истиот контекст беше објавена и втора фотографија со само едно лице, за која МВР утврдила дека не станува збор за полициски службеник, туку […]

Црвен крст на град Скопје дистрибуира хигиенски средства за граѓаните од трето доба


Црвен крст на град Скопје соопшти дека со финансиска поддршка од Државна Лотарија од денеска ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба. Преку активностите, како што се посочува, ќе бидат опфатени лица од најранливата група граѓани, на […]

Шест милиони заштитни маски, наменети за Германија, исчезнале на аеродром во Кенија


Шест милиони заштитни маски, кои биле наменети за Германија, исчезнале на аеродром во Кенија, пишува денеска весникот „Шпигел“. Маските биле порачани од германската армија и требало да пристигнат во земјата на 20 март. Портпарол на германското Министерство за одбрана ја потврди информацијата за весникот, но појасни дека Германија нема да има финансиски загуби бидејќи маските […]

Онлајн учење од утре, преку национална едукативна платформа


Од утре учениците и студентите ќе го продолжат своето образование преку далечинско учење, преку платформата www.eduino.gov.mk, соопшти министерот за образование Арбер Адеми. На предлог на МОН, Владата донесе уредби за наставата во сите степени -основно, средно и високо да се изведува онлајн, односно далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска […]

Пауновски: Некои увозници на јужно овошје шпекулирале со пазарот


Дел од компаниите што увезувале јужно овошје во нашата држава намерно имале шпекулативен однос кон пазарот и тие артикли не ги појавувале со цел цената да се зголеми, појасни директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, одговарајќи на новинарско прашање за високите цени во маркетите, наспроти владината одлука за најголемата маржа што може да ја […]

Прв смртен случај од корона на Исланд


Постара жена стана првиот жител на Исланд, која почина откако се зарази со корона вирус, јавуваат денеска локалните медиуми. Минатата недела, австралиски турист почина од Ковид-19 на островот. Исланд, која води стратегија за тестирање во големи размери, заклучно со вчера попладне има регистрирано 588 случаи. Од нив, за 13 беше потребна хоспитализација. Земјата со 364.000 […]

Четириесет лица кои влегле преку Деве Баир однесени во карантин


На граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка во изминатото деноноќие во државата влегле четириесет лица кои се однесени во државен карантин, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток. Сите четириесет лица се транспортирани во државен карантин, а  границата е отворена и за излез за оние граѓани кои имаат бугарско државјанство […]

Олимпијадата во Токио ќе биде одложена за 2021 година


Меѓународниот олимписки комитет ќе ги одложи овие летни Олимписки игри во Токио до 2021 година  глобалната пандемија на коронавирус, по официјалното барање за одложување на јапонскиот премиер Шинзо Абе. Абе рече дека шефот на МОК, Томас Бах, се согласил „100 проценти“ за одложување. Повиците за одложување станаа огромни пред тоа МОК официјално да го повлече […]

(Во живо) Прес на министерот за образование Адеми


Проследете ја во живо прес-конференцијата на министерот за образование Арбер Адеми. Со оглед на тоа што учениците од утре требаше да продолжат да одат во училиште, министерот ќе ги објасни дополнителните мерки.

Словенија: За фирмите и граѓаните 2 милијарди евра, платите на функционерите помали за 30 отсто


На специјална прес конференција словенечката Влада ги претстави долго најавуваните мерки за помош на граѓаните и компаниите кои имаат финансиски последици поради корона вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Премиерот Јанез Јанша кажа дека Владата подготвила „мега“ законски пакет кој предвидува вкупна помош од две милијарди евра, со цел државата без поголеми последици да […]

Нови 12 случаи со корона вирус во Македонија


Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 148 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: – Скопје (88) – Дебар (40) – Куманово […]

АХВ: Девет месарници несоодветно чувале месо


За четири дена, од 19 до 22 март, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), извршила 189 надзори. Притоа, во два објекта е констатирано работење на лица без санитарни прегледи, неправилно означување и неводење записи, а во три објекти се евидентирани неправилности во однос на општата хигиенска состојба. Во девет месарници, пак, е констатирано неправилно деклaрирање […]

МВР испитува кои се луѓето што во полициска униформа се закануваат со пендрек и 10 години робија


Министерството за внатрешни работи испитува кои се двете лица што фотографирани во автомобил, облечени во полициска униформа, споделиле фотографија на Фејсбук под која напишале ,,седете дома клошари”. Како што дознава Слободен печат, во моментов се прават проверки за идентитетите на лицата како и за тоа од кои населби потекнуваат. Се утврдува идентитетот и на трето […]

СЗО: САД би можеле да станат епицентар на пандемијата


Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на „ескалирање“ на епидемијата на новиот коронавирус во САД, кои, според проценките, би можеле да станат епицентар на пандемијата. – Во последните 24 часа 85 отсто од новите случаи на зараза биле во Европа и во САД, од кои 40 проценти во САД, изјави претставничката на СЗО, Маргарет Харис. Според […]