Олимпијадата во Токио ќе биде одложена за 2021 година


Олимпискиот стадион во Токио ќе ги чека спортистите во 2021 година

Меѓународниот олимписки комитет ќе ги одложи овие летни Олимписки игри во Токио до 2021 година  глобалната пандемија на коронавирус, по официјалното барање за одложување на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Абе рече дека шефот на МОК, Томас Бах, се согласил „100 проценти“ за одложување.

Повиците за одложување станаа огромни пред тоа МОК официјално да го повлече организирањето на Игрите, што требаа да започнат во јули. Канада веќе ги повлече своите спортисти и неколку други големи спортски федерации, вклучително и британското олимписко здружение и американските спортисти, побараа одложување до 2021 година.

Одлуката беше донесена по разговорите на високо ниво во вторникот меѓу МОК, јапонската влада и организацискиот комитет на Токио 2020.

Современите олимписки игри – летни и зимски – никогаш не биле одложени. Сепак, Игрите беа откажани за време на обете светски војни.