Германија ќе лечи Италијанци и Французи заразени од корона вирус


Германското Министерство за надворешни работи објави фотографија од пристигнувањето со авион на италијански граѓани заразени од корона вирус кои треба да се лечат во болница во Лајпциг. Потегот е гест на солидарност со Италија која се бори со епидемијата од масовен размер.

Според германските медиуми, освен италијански во Германија ќе се лечат и француски граѓани заразени од вирусот во болници во три покраини.