(Видео) Музика за самоизолација: Нора Џонс го претстави новиот сингл „I’m Alive”


САД – Она што беше музикате на Шаде во 80-тите, сега е музиката на Нора Џонс која ве смирува, ве носи на убаво место покра море, а звукот заличува на морски бранови.  Познатата кантавторка ја објави својата нова песна „I’m Alive”, co којашто и го најавува новиот студиски албум „Pick Me Up Off The Floor“. Синглот, според […]

Во Србија нови 54 заразени, вкупно 301


Србија – Во Србија во изминатите 24 часа, од 94 новотестирани позитивни на коронавирусот се 54 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 301 лице, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Златибор Лончар. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во вкупната бројка не се вброени 13 лица кои се […]

На Шпанија ѝ се заканува полошо сценарио од Италија: Повеќе од 500 мртви во еден ден


Во Шпанија според последните податоци забележани се 514 нови смртни случаи во еден ден од Ковид 19. Бројот на починати е речиси 2.700. Оваа земја, која секој ден се соочува со се поголема катастрофа, бележи вкупно речиси 40.000 случаи со корона вирус. Поради ова, Мадрид ќе побара потполна контрола на движењето. Полицијата ќе ги проверува […]

Османи: Одлуката за преговори е заслужена, не е подарена


Одлуката за преговори со ЕУ, не ни е подарена, таа е заслужена, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција откако ЕУ постигна договор за почеток на пристапните преговори. -Денешната одлука да ѝ дадат зелено светло на Северна Македонија не претставува никаков подарок ниту чиста политичка одлука. Напротив, таа е признание за напредокот, […]

Димитров: Ја започнуваме следната заслужена фаза од нашиот европски пат


И покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот особено цениме што ЕУ најде време и волја веродостојно да оддаде признание на досега сработеното. Северна Македонија по 15 години во чекалната како земја кандидат и по разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври истата година, конечно го поминува прагот и ќе може да ја […]

Ниту еден странски инвеститор не најавил отпуштање на вработените


Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони информира дека во моментов ниту еден странски инвеститор не најавил отпуштање на работници, ниту пак повлекување на инвестициите. Во денешното соопштение од Дирекцијата на ТИРЗ се наведува дека во фабриките по налог на нивните централи од странство е препорачано производствениот процес привремено да запре и оти вработените се на […]

Заев: Донесена е одлука, Северна Македонија почнува преговори за членство во ЕУ


Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ, порача денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил. Тој додаде дека нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија, според него, треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе […]

Халк банка утре ќе ја исплати мартовската пензија


Халк банка соопшти дека утре ќе изврши предвремена исплата на мартовската пензија. – На овој начин пензионерите кои ја примаат пензијата преку банката утре ќе ги имаат пензиите на своја сметка и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку банкоматите, без провизии, информираат од […]

Влијателни издавачи од САД ја повикаа Кина да не протерува новинари


САД– Издавачи на три влијателни американски весници побараа денеска од Кина да ја повлече одлуката за протерување на дописници во екот на пандемијата на новиот коронавирус. Во отворено писмо на издавачите на „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Волстрит џурнал“ се наведува дека со протерувањето се загрозува пристапот до информации во момент кога тие се најпотребни. […]

Блок не гледа пречка преговорите веднаш да почнат


Холандскиот министер за надворешни работи Стефан Блок  не гледа пречка веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со Македонија. -Земјата нема дополнителни услови, рече тој. Еврокомесарот Оливер Вархеји на прес конференцијата посочи дека Европската комисија ќе ја забрза нејзината работа  и ќе почне да ја подготвува преговарачката рамка. Намерата е преговорите да започнат што е […]

Стопанските комори од регионот бараат ЕУ да дозволи извоз на заштитна медицинска опрема


Коморскиот инвестициски форум во кој членуваат стопанските комори на шесте држави од Западен Балкан испрати апел до Европската унија да ја прошири листата на земји со дозвола за увоз од ЕУ, како и за проширување на иницијативата за „зелени коридори“ кон Западен Балкан. Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија […]

Одлуката за преговори ќе се официјализира со писмена процедура


  Одлуката за започнување на преговорите со Македонија ќе биде официјализирана со писмена процедура. Тоа значи дека сите земји членки ќе треба да пратат од највисоко ниво согласност да почнат преговорите, а потписот ќе го стават нивните преставници во Брисел.Ваквата процедура ја потврди групата на социјал-демократите во Европскиот парламент која одлуката за преговорите ја нарече […]

Пленковиќ: Платата за март ќе ја донираме за Загреб


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека претставниците на власта мартовската плата ќе ја донираат за санирање на последиците од земјотресот во Загреб. Тој изјави дека на телефонската владина седница било одлучено да се отворат две банкарски сметки – една за Загреб, а другата за борба против новиот коронавирус, повикувајќи ги сите кои сакаат […]

Спасовски: Стануваме држава која почнува да преговара за членство во ЕУ


Советот за општи работи постигна согласност дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, објави премиерот Оливер Спасовски, на прес-конференцијата во Владата. Денеска напредокот на нашата држава го верификуваа сите членки на Европската Унија. Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите […]

Националната галерија со виртуелни презентации на дела од богатата колекција


Постојаната поставка на Националната галерија на Северна Македонија, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку VR платформата. Како што информират од Галеријата, поради затворените изложбени простори во согласност со препораките на Владата на Северна Македонија, НГ се движи од галерискиот простор кон виртуелниот. -Покрај оваа […]

МВР: Граѓаните над 67 и под 18 години за лични исправи да дојдат во било кој термин надвор од забрана


Возрасните над 67 години и помладите од 18 години ако имаат закажани термини за издавање лични документи во времетраење на забраната за нивно движење можат да дојдат во било кој термин надвор од траењето на забраната за да ја завршат постапката, информираат Управните служби при МВР. – Поради одлуката на Владата на Р.С.Македонија за измени […]

Олимпијадата во Токио одложена за 2021 година


Швајцарија – Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), се согласи со предлогот на јапонскиот премиер Шинзо Абе за префрлување на Игрите во Токио за следната година. Денес, Абе, Бах и шефот на организациониот комитет на Олимпијадата, Јоширо Мори, одржаа видеоконференциски состанок на кој се разговараше за одложувањето на Олимпијадата поради пандемијата на коронавирус. – […]

Продолжен за седум дена рокот за поднесување ДДВ-04


Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 1 до 29 февруари годинава се продолжува до 31 март годинава. -Согласно со препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 (коронавирус), Управата […]