Одлуката за преговори ќе се официјализира со писмена процедура


 

Одлуката за започнување на преговорите со Македонија ќе биде официјализирана со писмена процедура. Тоа значи дека сите земји членки ќе треба да пратат од највисоко ниво согласност да почнат преговорите, а потписот ќе го стават нивните преставници во Брисел.Ваквата процедура ја потврди групата на социјал-демократите во Европскиот парламент која одлуката за преговорите ја нарече голем ден за Македонија, за Албанија и за ЕУ.

-Им честитаме на земјите-членки што успеаја да најдат договор и да ги започнат преговорите  за пристапување. И двете земји целосно ја заслужија оваа одлука. Тие ги исполнија  сите критериуми и го направија она што се бараше да направат за да се приближат кон ЕУ , порачаа од оваа група.

Социјалдемократите сепак жалат  што заклучоците на Советот не споменуваат одреден датум за почеток на преговорите, но се надева дека тоа ќе биде што е можно поскоро.

Тонино Пицула, координатор на Групата во Комисијата за надворешни работи и известувач на ЕП за проширување во Западен Балкан, додаде:

-Денешната одлука е добра вест и им честитам на двете држави, иако јас мислам дека усвоените дополнителни услови не беа потребни во случај на Албанија.Тој наедно ја повика ЕУ да ги помогне земјите од регионот во нивната битка со епидемијата со финансиска поддршка.